Тврдите дека имате стил, но дали ги почитувате овие правила?

Тврдите дека имате стил, но дали ги почитувате овие правила?

Модната лекција која одамна ја научивме и постојано ја повторуваме е дека модата е менлива, но стилот е вечен. И навистина, модата се менува, секоја сезона доаѓаат нови трендови, но ако имаме стил тоа ќе се забележи без разлика што ќе облечеме. Исто така, за тоа дали имаме стил откриваат и некои мали, секојдневни навики. Дали се ова и ваши правила?

01-tvrdite-deka-imate-stil-no-dali-gi-pochituvate-ovie-pravila-www.kafepauza.mk_

1. Девојките со стил секогаш подготвуваат што ќе облечат претходната вечер. Пред спиење издвојуваат неколку минути да ја осмислат утрешната комбинација, за да имаат доволно време наутро да се подготват на мир, а не да паничат пред гардероберот, фаќајќи се за глава и размислувајќи: „Што да облечам?“ На нив утрото никогаш не им започнува со стрес.

2. Девојките со стил си одвојуваат доволно време за да се подготват. Ова е поврзано и со подготвување на дневната комбинација една вечер однапред. Ако го направите тоа пред спиење, наутро ќе добиете неколку минути повеќе за да се истуширате, да ја наместите фризурата и убаво да се нашминкате… Едноставно ќе имате време за сè! Со самото тоа, нема да има грешки, а вашиот изглед ќе биде совршен!

3. Девојките со стил внимателно ја избираат долната облека. Тие знаат дека оваа основа е клучна за добриот изглед. Ако ја изберете соодветната долна облека, која нема да биде синтетичка, нема да ве затега и слично, ќе се чувствувате пријатно, секси и самоуверено, а вашата облека совршено ќе ви одговара.

4. Девојките со стил ги следат другите девојки со стил за да добијат инспирација. Благодарение на интернетот и бројните социјални мрежи, можеме да пронајдеме многу работи кои ќе нè инспирираат во модна смисла. Без разлика дали станува збор за накитот, шминкањето или новите дневни комбинации овие девојки со стил секојдневно нè инспирираат. На тој начин ние ја поттикнуваме нашата креативност и фантазија, а нашиот стил станува подобар и поинтересен. А потоа, можеби и вие ќе станете нечија инспирација!

2-tvrdite-deka-imate-stil-no-dali-gi-pochituvate-ovie-pravila-www.kafepauza.mk_

5. Девојките со стил секогаш се облекуваат во согласност со времето. Нив никогаш немате да ги видите во искинати фармерки и со голи нозе ако надвор паѓа снег. Или пак во чизми, а надвор е горештина! Тие знаат што и кога се носи и имаат точно определена облека во зависност од временските прилики.

6. Девојките со стил секогаш се облекуваат соодветно на приликата. Тие секогаш го почитуваат кодот на облекување. Ним не може да им се случи да се појават на некоја свеченост во патики. И секако, никогаш нема да заминат во елегантна комбинација на тренинг.

7. Девојките со стил го носат само она што им одговара. Тие знаат дека претесните или прешироките модели нема да им одговараат и затоа внимателно избираат која големина ќе ја купат и не се срамат од броевите. Секако, и тие имаат тесни фармерки кои лежат на дното од гардероберот чекајќи ја идеалната тежина за да ги облечат, но акцентот е токму на чекањето – нема да ги облечат по секоја цена!

8. Девојките со стил секогаш ги освежуваат своите комбинации со едно скапо парче. Всушност, тоа не мора да биде премногу скапо, доволно е така да изгледа и да се издвојува. Со едноставните и вклопени комбинации впечатливиот ѓердан, чантата или обувките ќе изгледаат одлично.

3-tvrdite-deka-imate-stil-no-dali-gi-pochituvate-ovie-pravila-www.kafepauza.mk_

9. Девојките со стил внимателно ги избираат модните додатоци. Тие нема да стават на себе што било. И нема да претераат. И секогаш ќе се водат според старото правило: „Тоа што го стави последно, извади го!“

10. Девојките со стил водат сметка за своите работи. Зошто нивните работи никогаш не изгледаат старомодно и износено? Затоа што тие водат грижат за својата облека и обувки. Добро се знае местото на обувките, во шкаф за чевли или во кутија, а облеката задолжително се закачува на закачалки.

11. Девојките со стил знаат кога треба да носат високи потпетици, а кога рамни обувки. Верувале или не, ова е многу важно. Понекогаш изгледаме невкусно со високи потпетици. Но затоа, тие знаат кога е подобро да изберат модерни, удобни и тренди балетанки.

12. Девојките со стил водат сметка за валканата облека. Ако воопшто им се случи да извалкаат нешто, тие веднаш го ставаат тоа парче врз купот извалкани алишта или го носат на хемиско чистење. Ако се реагира брзо, дамката ќе исчезне, облеката ќе биде чиста, уште долго употреблива и нема да ви се случи непријатно изненадување во вид на омилен, а извалкан фустан.

4-tvrdite-deka-imate-stil-no-dali-gi-pochituvate-ovie-pravila-www.kafepauza.mk_

13. Девојките со стил се доследни на својот стил. Тие нема слепо да ја следат модата, туку внимателно секој тренд ќе го вклопат на начинот што им одговара. А, ако не им се вклопува во изгледот, нема ниту да го земаат во предвид. Тие се свои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Anica Reply

    Правило 9 не сте го разбрале 😀 Тоа вака гласи: откако ќе го ставиш накитот, соблечи го последното парче ОБЛЕКА кое си го облекла (а не последното што си го ставила извади го).

    И првото и второто правило се повторуваат, истото кажано со други зборови.

    Инаку фина статија 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Правилото се однесува на накитот, односно на модните додатоци, а не на облеката, затоа е така напишано.

Напиши одговор на Anica Откажи одговор