Тропскиот вкус на смудито

Тропскиот вкус на смудито

Ви нудиме три здрави и вкусни рецепти за убав и енергичен викенд…

1. Смуди од авокадо

Тропскиот вкус на смудито

Потребни состојки:
  • 1 авокадо
  • 300 милилитри млеко
  • 2 супени лажици мед
Начин на подготовка:

Авокадото треба да е добро зрело. Откако ќе ја излупите неговата кора и ќе ја отстраните семката, исецкајте го и ставете го во блендер. Додајте ги млекото и медот. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. За подготовка на овој напиток ви се потребни околу 10 минути. Смудито е исклучително вкусно и здраво, како за возрасните, така и за децата, со оглед на тоа што авокадото е одличен извор на незаменливите омега 3 масни киселини. Овошјето е познато и по своите антиоксидантни својства, а содржи и големо количество калиум, кој заедно со натриумот ги штити крвните садови.

2. Смуди од манго

Тропскиот вкус на смудито

Потребни состојки:
  • 1 манго
  • 200 грама мраз
  • 100 милилитри вода
  • 1 лажичка шеќер (по избор)
Начин на подготовка:

Излупете го мангото, исечете го на мали парчиња и ставете го во блендер. Додајте ги водата и мразот и блендирајте околу минута и половина. Вкупното време на подготовка на овој напиток е не повеќе од три минути. Мангото ја штити кожата од стареење и ги подобрува концентрацијата и меморијата. Тоа е богато со каротеноиди и диететски влакна. Исто така, изобилува и со провитаминот А, витамините Ц и Б5…

3. Смуди од ананас, банани и урми

Тропскиот вкус на смудито

Потребни состојки:
  • 1 ананас
  • 2-3 банани
  • ¼ чаша кокосови струготини
  • 5 урми (исчистени)
  • 4 лажици мелено ленено семе
Начин на подготовка:

Ставете ги состојките во блендер, блендирајте 2-3 минутки и напитокот е готов за конзумирање. Добро е да знаете дека ананасот е богат со ензими, витамини и минерали. Содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, витамините Ц и Е… Тој е добар пријател на вашиот метаболизам и одличен борец против целулитот. Бананите пак, можат да се „пофалат“ со големо количество Б-витамини, магнезиум и калиум. Ова овошје придонесува за намалување на нервозата и на депресијата, а одлично се справува и со високиот крвен притисок.

На здравје!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Ивица Reply

    Супер, мала забелешка: ајверојатно подобар превод би бил „смути“

Напиши одговор на Ивица Откажи одговор