Трите фази на вљубување кај мажите

Не е лесно да се дешифрираат чувствата на припадниците на посилниот пол. На почетокот на љубовната романса, на повеќето дами не им е јасно дали нивниот партнер посакува сериозна врска или сака само да се забавува. Повеќето мажи ги кријат своите емоции, но благодарение на говорот на телото и знаците кои ги испраќаат, лесно можеме да препознаеме какви се нивните вистински романтични чувства.

Трите фази на вљубување кај мажите

Затоа, прочитајте ги клучните фази низ кои поминува машкото срце, пред да го поклони на една жена.

Почетна залуденост

Однесување: Неговата моќ лежи во неговата самодоверба и во вештината за убедување, а тој сака да се фали пред вас, за да ве импресионира.

Говор на тело: Ова момче има потреба да ве допира кога ви се извинува. Како што ќе почне да ја губи својата моќ, сè повеќе ќе станува загрижен и вознемирен. Забележете ја неговата нервоза која ќе ја прикаже преку засилена физичка активност, провлекување на раката низ косата или лижење на усните.

Заљубеност

Однесување: Во оваа фаза, тој сака целосно да ви се приближи и да ве вклучи во сите негови активности, без оглед дали станува збор за спортски активности, гледање ТВ-програма или дружење со неговите пријатели. Ќе се откаже од самостојните излегувања, одењето во сала за вежбање или на натпревари, само за да поминува што е можно повеќе време со вас.

Говор на тело: Ве гледа постојано и директно во очи (колку и да сметате дека ова е клише), нежно ве допира, ве гали по главата или ви ја трга косата што ви паѓа во очите.

Потполно предавање

Однесување: Ако сака до крајот на животот да биде со вас, тоа и ќе ви го покаже. Ќе бара ваше мислење за најважните прашања. Ќе дели со вас буквално сè од својот живот.

Говор на тело: Ќе се однесува како ваш одраз во огледало. Ако вие ја наведнете главата на лева страна, тој ќе ја наведне на десна страна. Ако ја ставите раката во џеб и тој ќе го направи истото. Многу е веројатно дека во еден момент и од него ќе извади и прстен и ќе ве запроси.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар