Трикови за побрз раст на вашите веѓи

Претераното средување на веѓите, болести или недостаток на витамини може да придонесат за многу бавен раст на влакната на веѓите, па дури и за нивно исчезнување. Цртањето со креон е ефикасно, но вештачко решение, па за да го избегнете овој проблем, ви предложуваме неколку природни начини со кои ќе го поттикнете растот на вашите веѓи.

Трикови за побрз раст на вашите веѓи

Билни масла

Маслиновото, рицинусовото, маслото од еукалиптус и голем број други билни масла имаат благородно дејство на растот на веѓите. Неколку недели, секојдневно мачкајте ги веѓите со некое од овие масла, а разликата ќе биде повеќе од очигледна.

Смеса за поголеми резултати и заштита од ветер и сонце

  • ½ лажичка ленено масло
  • 10-15 капки рицинусово масло
  • 1-2 капки масло од камфор

Редовно чешлање

Со мала четка, редовно чешлајте ги веѓите, со што ќе поттикнете поголема циркулација, а со тоа и побрз раст.

Препарати за раст на веѓите

Постојат голем број симулатори, акцелератори и серуми кои се многу барани на пазарот. Последно нешто е моливче на база на природни состојки како екстракт од зелен чај, коприва и грозје, а делува така што ги обновува фоликулите на влакната и го стимулира растот на веѓите.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар