Трикови за бришење на уморниот изглед од лицето

Трикови за бришење на уморниот изглед од лицето

И покрај тоа што сте спиеле само четири часа претходната ноќ, вашите очи би можеле да изгледаат како да сте спиеле осум, со помош на овие совети.

Трикови за бришење на уморниот изглед од лицето

Смалете ја надуеноста

Со прст нанесете гел за нега под очите од внатрешната страна кон надвор и благо масирајте. Масажата во комбинација со благотворното дејство на гелот може ефектно да ги отстрани кесичките под очите. Маски за очи наполнети со гел или вода кои штотуку сте ги извадиле од фрижидер, исто така можат да ја намалат надуеноста. Подеднакво ефикасни се и студените кесички чај од камилица или тенки кругови од краставица.

Нанесете коректор

Ставете коректор, но не каков било. Изберете лесна формула на коректор во вид на молив, но доколку ви е потребна посериозна камуфлажа, употребете коректор со жолтеникава нијанса кој ќе ја осветли темната кожа околу очите.

Внимателно изберете ги боите

Справата за виткање на трепките моментно може да ви ги „отвори очите“. Истото важи и за маскарата, но се препорачува водоотпорна маскара, бидејќи уморните очи имаат тенденција да солзат. Изберете сенки во крем, златна, жолта или бисерно бела боја. И белиот туш нанесен по должината на внатрешната линија на окото, може да има еднаков ефект.

Просветлете ги очите

Црвенилото во очите најмногу ве издава дека не сте спиеле доволно, па затоа секогаш при рака треба да имате капки за очи, но внимавајте тие да бидат свежи. Црвенилото ќе го избегнете и ако претходната вечер добро ја отстраните шминката од очите.

На крај додадете малку „здравје“

Откако го избришавте погледот кој е најјасен показател за ноќта помината без доволно сон, сѐ што ви е потребно за да ја вратите свежината на вашето лице е малку руменило на образите. За да изгледате свежо и одморено, одберете руменило во црвеникави тонови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар