Тридневна детоксикација на организмот

За да му помогнеме на нашето тело да се исчисти од токсините кои се таложеле во текот на зимскиот период, треба да му ја олесниме функцијата на организмот преку внесување полесна храна. Помеѓу продуктите кои се задолжителни на прво место се наоѓа свежото овошје, но и свежиот зеленчук.Тридневна детоксикација на организмотЕкспертите потсетуваат дека еден од најдобрите и најпрактични начини за да се исчисти организмот е исфрлување на рафинираните и индустриските продукти од исхраната. Важно е два-три дена да се пијат многу течности и да се јаде многу свеж зеленчук и овошје. Ваквиот режим на исхрана ќе овозможи губење на килограми, телото ќе ја добие потребната енергија, а кожата ќе ви свети.

Детоксикацијата освежува, но токсините кои се исфрлаат за време на нејзиното спроведување мораат да поминат низ крвотокот, па можат да се јават одредени контраефекти, како осипи, мачнина, течење крв од носот или дијареа. Но, важно е да ја издржите детоксикацијата бидејќи нејзините резултати ќе бидат фантастични.

Прв ден

Наутро: Во чаша од 2 децилитри растворете половина лимон и топла вода и испијте ја.

Остатокот од денот: Кога ќе почувствувате глад, јадете грозје. Доколку не му е сезона на грозјето, одберете овошје кое е актуелно во сезоната. Дозволено е да изедете еден килограм овошје. Пијте многу течности, минимум 8 чаши од 2 децилитри вода, билни чаеви и свежо цеден сок.

Втор ден

Наутро: Во чаша од 2 децилитри растворете половина лимон и топла вода и испијте ја.

Остатокот од денот: Пијте многу чаеви и свежо цедени сокови, разредени со вода во сооднос 1:1.

Трет ден

Појадок: Јадете свеж зеленчук и свежо овошје и пијте многу вода и билни чаеви. Наместо овошје можете да пиете свежо цеден сок од мешано овошје.

Ручек: Салата од свеж зеленчук и многу течности.

Вечера: Чорба од зеленчук и многу течности.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар