Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

Секое јадење направено на скара добива сосема нов, пикантен вкус кога ќе се послужи со некој вкусен прелив. Ви ги препорачуваме овие три одлични сосови кои можете да ги послужите следниот пат кога дома ќе правите скара.

Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

Прелив од домати

На тивок оган ставете да се крчкаат 8 лажици доматно пире, 4 лажици вински оцет, 4 лажици балсамико оцет, 100 грама шеќер и една исечкана лута пиперка. Зачинете по вкус и оставете го сосот 20 минути на оган. Убаво оладете го пред да го послужите.

Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

Прелив од јогурт

Исчистете 4 чешниња лук и испасирајте ги заедно со 500 милилитри густ јогурт. Во смесата додадете 2 лажици слатка павлака и ставете сол и бибер по вкус. Потоа во едно тавче со многу малку масло, пропржете 2 лажици сусам и додадете го во сосот. Пред сервирање, сосот нека отстои во ладилник.

Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

Прелив од лук

Исчистете 6 чешниња лук, а три од нив убаво испасирајте ги со 200 грама маскарпоне. Во смесата додадете и 2 лажици кисела павлака и сол и бибер по вкус. Останатите три чешниња лук пропржете ги во една лажица масло и потоа додадете ги во сосот. Оладете го пред да го послужите.

Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. aleksandar Reply

    Go probav sosot so jogurt I slatka pavlaka, ako stavite slatka pavlaka ocekuvajte blag vkus, ama ako namesto slatka stavite kisela pavlaka e toa e toa. Prekrasen vkus, malku nakiseluva, ubajni.
    Probajte

Остави коментар