Три намирници кои можат да ви ја заменат четката за заби

Родителите и стоматолозите уште од деца нè учат дека забите треба да се мијат после секој оброк и тоа најмалку 2 минути. Но, доколку се наоѓате во прилика, каде што не можете да го изведете тоа, постојат неколку намирници кои можат да ви помогнат во отстранувањето на остатоците од храна помеѓу забите.Три намирници кои можат да ви ја заменат четката за забиГрицкањето на овие крцкави и тврди овошја и зеленчуци предизвикува лачење на плунка која ги уништува бактериите, а забите ги чува здрави и чисти.

Јаболко

Јаболкото содржи фосфор, калциум и флуор кои спречуваат развој на кариес, а докажано е дека ова овошје ги чисти забите подобро од која било четка, делувајќи двоструко, механички и физички.Три намирници кои можат да ви ја заменат четката за заби

Морков

Џвакањето морков го стимулира лачењето на плунка, која помага во отстранувањето на остатоците од храна. Покрај тоа, влакната во морковот делуваат како четкичка за забите и непцата.Три намирници кои можат да ви ја заменат четката за заби

Целер

Целерот ги штити забите на два начини. Џвакањето целер предизвикува лачење на материја која ги неутрализира бактериите кои предизвикуваат кариес. Исто така, при џвакање, продира помеѓу забите, ги масира непцата и ја чисти усната шуплина.Три намирници кои можат да ви ја заменат четката за заби


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар