Трендови за нокти есен/зима 2012–2013

Покрај чевлите, чантите и накитот, совршениот маникир е најдобриот моден додаток во секоја комбинација. Освен тоа, ноктите се како празно платно на кое можете да ја изразите својата креативност и индивидуалност. Оваа есен боите за нокти потсетуваат на магија и забранета романса. Трендови за нокти есен/зима 2012–2013

Темни и мистериозни нокти

Главен тренд оваа есен се темните, заводливи и женствени бои, како што се темно виолетовата и црвената боја. Акцентот е ставен на длабоките и темни нијанси со дискретен сјај. Овие нијанси се секси и женствени и потсетуваат на нешто забрането. Темните нијанси секогаш носете ги на пократки нокти. Трендови за нокти есен/зима 2012–2013

Романтични, розови и природни нокти

Иако роз0вите и ноктите во боја слична на кожата се попуалрани во пролет, тие ќе бидат хит и оваа есен. Кај овој тренд сè е дозволено, од речиси проѕирни лакови за нокти, до интензивно роз0ви, бели и златни тонови. Природните нокти секогаш се во тренд затоа што лесно се вклопуваат во секоја комбинација. Трендови за нокти есен/зима 2012–2013Трендови за нокти есен/зима 2012–2013

Нокти кои се прелеваат (омбре)

Трендот на прелевање на боите од потемна кон посветла нијанса е популарен веќе неколку сезони. Одберете го омилениот лак за нокти, најдете уште две посветли нијанси од истата боја и подготвени сте да го испробате овој тренд. Трендови за нокти есен/зима 2012–2013За да го постигнете ефектот на прелевање на бојата, потребни ви се три нијанси на иста боја лак за нокти и сунѓерче за нанесување течна пудра. Сунѓерчето натопете го во вода, а потоа исцедете околу 80% за да ја задржи влажноста. На врвот од сунѓерчето нанесете три линии од лаковите за нокти, почнувајќи од најтемната до најсветлата нијанса. При првото нанесување лак додадете уште еден слој за да има доволно лак на сунѓерчето. Бидете брзи за да не се исуши лакот. Притиснете го нежно сунѓерчето неколку пати на хартија за да избледат боите. Потоа сунѓерчето притиснете го на ноктот и потапкајте го неколку пати за лакот да биде подобро нанесен. Колку повеќе го натапкувате сунѓерчето, толку подобро ќе се измешаат и ќе се прелеваат боите на ноктот. Откако лакот добро ќе се исуши, избришете го вишокот лак што останал околу ноктот и нанесете го последниот проѕирен слој. Трендови за нокти есен/зима 2012–2013

Француски маникир

Оваа есен се популарни сите видови француски маникир. Направете комбинација нанесувајќи дискретна боја по целиот нокт (розова боја или боја слична на кожата) и потемна боја на врвот од ноктот. Или, пак, додадете тантела на ноктите. Трендови за нокти есен/зима 2012–2013Трендови за нокти есен/зима 2012–2013

Нокти како уметничко платно

Инспирацијата за дизајнирање на ноктите оваа сезона можете да ја пронајдете и во делата на познатите уметници. Изборот е неограничен, од „Ѕвезденото небо“ на Ван Гог, до шарените поп-арт креации на Енди Ворхол. За овој тренд најчесто се користат јаки бои, а целта е ноктите да изгледаат живо и по малку сложено. Трендови за нокти есен/зима 2012–2013Трендови за нокти есен/зима 2012–2013



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар