Треба ли да имате секс кога сте во оние денови од месецот?

Многу девојки си го поставуваат ова прашање. Дали е безбедно? Дали ќе биде неуредно? Дали ќе боли? Што ќе си помисли дечко ми?

Вистината е дека во овој период од месецот девојките се чувствуваат повозбудено и им се зголемува желбата за секс, што е резултат на зголеменото количество на хормони. Тоа е  сосема нормално, како што е нормално и да одите докрај остварувајќи си ја сексуалната желба.

Треба ли да имате секс кога сте во оние денови од месецот?

Девојките се грижат од неколку причини да имаат секс за време на менструалниот циклус. Еве кои се тие:

1. Дали ќе боли? – Сексот за време на месечниот циклус не боли. Ова не значи дека треба да биде груб. Целиот вагинален дел за време на менструацијата е многу сензитивен, што е добро. Тоа значи дека вашиот секс ќе биде многу позадоволувачки. Внимавајте, не треба да имате длабоко пенетрирачки секс и избегнувајте грубости, бидејќи вашата матка во овој период е поспуштена, па може да осетите болка доколку ви навлезе предлабоко. Вообичаениот секс би требало да биде не само што прифатлив, туку и да ви пружи нови возбудливи сензации. Дури, ако не сте го правеле ова порано, ќе жалите за сите пропуштени прилики секој месец.

2. Може ли да се забремени при секс за време на менструалниот циклус? – Тешко е веројатно. Веројатноста да забремените е многу мала, но не и сосема исклучена. Спермата останува активна до 72 часа, па ако имате секс при крајот на вашиот циклус, а потоа три дена предвремено овулирате, постои многу мала можност спремата да дојде до вашите јајце-клетки. Веројатноста е мала, но превентивно можете да одлучите да имате секс порано во циклусот или пак да користите контрацепција.

3. Дали при секс за време на месечниот циклус полесно се фаќаат сексуално преносливи болести? – Ризикот постои доколку еден од вас има некоја сексуално пренослива болест. Повеќето парови кои би се одлучиле да имаат секс при менструално крвавење, веројатно добро се познаваат и си ја знаат својата здравствена состојба. Дури и да постои здравствен проблем или сомнеж, секогаш можете да изберете да користите кондом. Така нема да мора да ја пропуштате сензационалната забава секој месец.

4. Дали ќе му се згади од крвта? – Од некои причини, при секс за време на менструалниот циклус, крвавењето сопира, па тоа е многу згодно. Во секој случај, добро е прво да разговарате за тоа, наместо да го изненадите. Ако тој се сложи, веројатно е спремен на малку неуредност за време на чинот. Инаку, нередот е многу помал од она што повеќето девојки би го очекувале. Дополнително, можете да го избегнете непосакуваниот неред, така што ќе постелете нешто на душекот или врз чаршавот за спиење, или пак да го направите тоа во бањата. Во вториот случај, двајцата нема ни да забележите дека ви се оние денови.

Доколку тој не се чувствува пријатно да има крв на неговиот пенис, би можел да стави кондом, иако на повеќето мажи ова не им пречи. Доколку вие носите тампон пред сексуалниот чин, тој ќе ја впие сета крв која дотогаш протекла, па откако ќе завршите може да се изненадите дека нема ниту една капка по чаршафите.

Сексот за време на менструалниот циклус е прашање на лична преференција. Доколку на двајцата партнери не им пречи, можат да изнајдат начини како да го ослободат сексуалниот нагон во овој период. На некои им е ова незамисливо. Мислата дека кога сè ќе заврши, вашиот чаршав може да изгледа како таму да се случило брутално убиство, може да не ви дозволи ни да почнете да уживате. Но запомнете, вие сте силно возбудени во овој период, па делувате и екстравозбудливо за вашиот партнер. Па, зошто тогаш да се лишите од силните задоволства секој месец? Ќе се изненадите колку луѓе го прават ова.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар