Треба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнорирате

Треба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнорирате

Депресијата знае да биде навистина болна, но не мора да живеете во страв од неа. Човечкиот организам е приспособен да одговара на болка. Доколку се соочувате со болка имате две опции:

  • Препознајте го причинителот на болката и внимателно одбегнувајте го.
  • Научете како да се справувате со таа одредена болка за потоа да можете целосно да ја елиминирате.

Треба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнорирате

Втората опција е онаа што ја прави разликата помеѓу луѓето кои достигнуваат личен развој и оние кои не успеваат да стигнат до тоа ниво. Општеството сака херои и хероини, луѓе кои претрпеле неизмерна болка затоа што сите ние сметаме дека благодарение на екстремната болка тие научиле вредна животна лекција. Многу често мислиме дека ние не треба самите да минуваме низ тој процес на учење, бидејќи веќе ги имаме нивните херојски лекции како пример. Но, луѓето не учат на тој начин. Секој од нас мора сам да ја научи болната лекција од сопствениот живот. Никој друг не може да го направи тоа за нас.

Во процесот на справување со болката, вие не сте набљудувач. Не смеете да седите отстрана. Морате да ја доживеете целосно, особено тогаш кога ви е најтешко. Секој од нас може да ги победи тие потешкотии и да се чувствува добро поради тоа. Доколку сте повредени, тоа значи дека ви се нуди одредена можност. Искористете ја. Тоа ќе го направите само ако целосно ги доживеете вашите чувства.

Тоа не значи дека треба да размислувате за вашата болка засекогаш. Доволно е да ја почувствувате еднаш толку силно што таа ќе помине низ вас и евентуално ќе излезе надвор од вас. Поентата е да ги доживеете послабите болки кои ќе ја подобрат вашата толеранција. Како што вежбате, лекциите ќе стануваат позначајни и болката ќе станува поднослива.

Треба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнорирате

Постојат одредени методи кои ќе ви помогнат во оваа задача. Можете да медитирате, да правите вежби за дишење или да го практикувате кој било друг метод што ќе ви ја зголеми свесноста за вашата присутност во сегашноста. Најважно е да не ја блокирате болката, бидејќи тоа ќе ви го попречи процесот на учење.

Кога ќе ја научите лекцијата од одредена болка, никогаш повеќе нема да морате да ја почувствувате истата. Ќе видите дека причинителот кој ве вадел од колосек го нема повеќе истиот ефект. Наместо да се запрашате „Зошто мене?“ кога ќе почувствувате болка, обидете се да си го кажете следново:

„Добредојде непрестајна болко. Ајде да видиме колку си силна. Удри најдобро што можеш! Подготвен/а сум!“

Верувајте дека исто како што доаѓате до точка кога не можете да смеете повеќе или не можете да плачете повеќе, ќе дојдете и до точка кога нема да можете да ја чувствувате болката повеќе. Најдете ја таа точка и ќе ја научите лекцијата на болката и нејзиниот причинител.

Почнете од помалите работи и полека искачувајте се кон големите. Со текот на времето, дури ниту екстремно болните работи нема да можат да допрат до вас. Само треба прво да ги почувствувате и да им дозволите да поминат низ вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар