Торта со многу чоколадо и свежи малини

Чоколаден десерт кој ќе ве натера да си ги лижете прстите…Торта со многу чоколадо и свежи малини Потребни состојки:

  • 225 г црно чоколадо
  • 175 г путер
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • 50 г мелени бадеми
  • 50 г мелени лешници
  • 2 лажици брашно
  • ½ лажиче сол
  • 5 јајца
  • 140 г шеќер
  • 3 лажици џем од јагоди
  • 15 малини

За чоколадниот прелив:

  • 140 г црно чоколадо, на коцки
  • 100 мл слатка павлака

За декорирање:

  • свежи малини
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.

2. Обложете два сада за печење пандишпан со хартија за печење.

3. Измешајте ги брашното, мелените бадеми, лешниците и ванилинот шеќер во еден сад.

4. Ставете ги чоколадото и путерот да се стопат и мешајте ги додека не се соединат убаво.

5. Јајцата матете ги додека не добијат двојно поголем волумен.

6. Во нив додадете го шеќерот и матете уште 5 минути.

7. Потоа, пополека почнете да ја додавате смесата од путер и чоколадо, постојано мешајќи.

8. Потоа, додадете половина од смесата со брашното и мелените јаткасти плодови и убаво измешајте. Додадете ја и вТорта половина и повторно убаво измешајте додека не добиете хомогена смеса.

9. Смесата поделете ја еднакво во двата сада за печење. Печете 15-20 минути.

10. Оставете ги пандишпаните убаво да се оладат.Торта со многу чоколадо и свежи малини 11. Измешајте го џемот со малините и размачкајте ја смесата врз едниот пандишпан. Потоа поклопете го со другиот пандишпан.

12. За чоколадниот прелив, ставете ја слатката павлака на оган и кога ќе почне да врие ставете го чоколадото. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

13. Со преливот намачкајте ја тортата од сите страни.

14. Оставете ја тортата 12 часа убаво да се излади во фрижидер.

15. Декорирајте со малини и малку шеќер во прав.Торта со многу чоколадо и свежи малини


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар