Торта со Бејлис

Прекрасен десерт со богат и незаборавен вкус

Торта со „Бејлис“

Состојки за пандишпан:
  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици вода
  • 160 г брашно
  • 120 г мелени ореви
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво
Состојки за фил:
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици густин
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици ликер „Бејлис“
  • 200 г путер
  • 100 г шеќер во прав
Состојки за прелив:
  • 300 мл млеко
  • 50 г кафеав шеќер
  • 100 мл ликер „Бејлис“
  • шлаг за украсување
Начин на подготовка:

1. За подготовка на пандишпанот, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови.

2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте.

3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат.

4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со шлаг.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар