Топол напиток од чоколадо и црвено вино

Горчливо-слатко задоволство

Топол напиток од чоколадо и црвено вино

Потребни состојки за две чаши:
  • 170 грама темно чоколадо
  • 80 мл црвено вино
  • 250 мл млеко
  • 150 мл вода
  • прстофат сол
Начин на подготовка:

Ставете ги чоколадото и виното во сад на тивок оган и оставете ги да крчкаат неколку минути додека чоколадото не се растопи. Тогаш додајте ги водата, млекото и солта, засилете го огнот и мешајте додека смесата не почне да врие. Потоа тргнете ја од оган и послужете во две чаши.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар