Топло, удобно и модерно: Како оваа есен да ги комбинирате вашите омилени марами?

Точно е тоа дека во нашиот универзум есента како нова сезона се смета за одлична, со нова причина за купување, но за жал, точно е и тоа дека не секогаш можеме да го следиме она што универзумот ни го препорачува. Затоа, мораме да се послужиме со неколку трикови за оваа есен имаме сосема нови и оригинални комбинации, а истовремено да не потрошиме ниту денар. Ви звучи невозможно? Не, доколку имате само едно потребно парче – марама!

Топло, удобно и модерно: Како оваа есен да ги комбинирате вашите омилени марами?

1. Доколку имате некоја маица или блуза што сте ја облекле толку многу пати што веќе се плашите дека дури и птиците ја запомниле, можете да ја комбинирате со оваа марама што ќе ја носите како женствена наметка. Детаљ што ќе го сокрие фактот дека не сте ги фрлале парите на обични парчиња облека, туку паметно сте ги искористиле.

2-toplo-udobno-i-moderno-napravete-gi-vashite-esenski-kombinacii-efektivni-so-pomosh-na-maramata-www.kafepazua.mk_

2. Ви се случило ли да не можете да изберете соодветно ланче само затоа што сите што ги имате сте ги носеле толку многу пати што веќе ви досадиле? Нема проблем – заменете ги со марама и ќе го добиете стариот добар стил што го сакате, но на еден сосема нов начин. Плус, ќе ви биде и потопло.

3-toplo-udobno-i-moderno-napravete-gi-vashite-esenski-kombinacii-efektivni-so-pomosh-na-maramata-www.kafepazua.mk_

3. Уште ја немате купено ролката што ви се допаднала пред некое време? Па, можеби и не ви е потребна! Заедно со бодито на долги ракави или друга сведена блуза понесете ја вашата марама баш на ваков начин и ќе добиете сличен, а многу интересен ефект како кога би носеле ролка.

4-toplo-udobno-i-moderno-napravete-gi-vashite-esenski-kombinacii-efektivni-so-pomosh-na-maramata-www.kafepazua.mk_

4. Можеби вашиот работен дрес код не ви дозволува многу да се „китите“, но убавата марама што е убаво стилизирана може да ви обезбеди совршен изглед, дури и во оние досадни бизнис комбинации.

5-toplo-udobno-i-moderno-napravete-gi-vashite-esenski-kombinacii-efektivni-so-pomosh-na-maramata-www.kafepazua.mk_

Продолжете на следната страница за останатите 4 модни комбинации со марами…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар