Топли есенски комбинации со плетен џемпер

Температурите стануваат сè пониски и нè потсетуваат на топлите џемперчиња кои нашите баби ни ги плетеле кога сме биле малечки. Еве како можете плетените џемпери да ги искомбинирате во три тренди есенски комбинации за оваа сезона.

Топли есенски комбинации со плетен џемпер

Удобно и кежуал

Удобен и слободен изглед, а сепак тренди и со стил. Искомбинирајте тесни фармерки со еднобоен широк и удобен џемпер. Надополнете го изгледот со голема марама или шал во топли бои, впечатливи женствени обетки со средна големина и чизми до глужд. Оваа комбинација е совршена за на кафе со пријателките, или за на факултет.

Топли есенски комбинации со плетен џемпер

Сè е во деталите

Одберете морнарско син џемпер едноставен или со вез на ракавите и црвено пласирано здолниште. Зачинете го изгледот со дебели доколенки со ацтеки или слична шара и црни ниски оксфордки. Аксесоар за коса како едноставна панделка совршено го надополнува целиот изглед за нежна и слатка девојка.

Топли есенски комбинации со плетен џемпер

Смело со дезен со точки

За смел и несекојдневен изглед искомбинирајте џемпер со дезен со точки и искинати фармерки. Завршете го изгледот со високи чевли до глужд и маслинесто спортско палто, како и црн ранец, кој придонесува за спортски и лежерен изглед со впечатливо лично обележје.

Топли есенски комбинации со плетен џемпер

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар