Топла постела за ладни зимски ноќи

Автор: Бојана Мандевска

Постелнина или „облека за креветот“ се однесува на материјалите со кои го покриваме нашиот кревет, душек и перници заради одржување на хигиената, топлината и секако, заради декоративен ефект. Изборот на права постелнина е важна за човекот. Добриот сон е неопходен за функционирањето на човекот, а топлата и мека постела има голем придонес за тоа. Лесна памучна, подебела фротирска или пак свилена постелнина, изборот е голем. Зависно од временскиот период, дали е лето или зима, се бира видот на постелнина, подебела за зима и постелнина од полесни материјали за лето. Дали постелнината ќе биде во нежни неутрални бои, јаки пастелни нијанси, разни шари, форми и дезени зависи од вкусот и стилот кој го негуваме.

Топла постела за ладни зимски ноќи

Зимата е период од годината кога најголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории. Ладното време е најголемиот демотиватор за излегувања надвор од домот. Дружбата со креветот кај повеќето луѓе е една од поомилените зимски активности. Сами или во друштво, во тишина, со добар филм или со омилената музика, одберете сами. Удобната и топла постела нека биде во служба на вашите зимски активности. Може подолу прикажаните слики ќе ја разбудат вашата желба за нова декорација во спалната соба, за нова постелнина за вашиот кревет. Нека ладните зимски ноќи и вообичаената „досадана“ постела не бидат причина за лош сон. Разбудете ја вашата фантазија и создадете мало царство од вашиот кревет, удобно место за пријатни сни.

Топла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар