Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

Оваа година, модните трендови ја нагласуваат потребата за удобност и предложуваат обувки кои можат да се искористат на најразлични начини за време на сезоната. Сигурно поголемиот дел од вас за време на летото ќе се посветат на забавни активности, како и посета на плажа и други возбудливи дестинации, па токму затоа удобните чевли ќе ви бидат од голема корист. Погледнете ги најдобрите 5 видови обувки кои ќе бидат во тренд за време на летната сезона…

За девојка во бегство

(1) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

Трчањето е секогаш најдобрата кардио вежба. Патиките ќе бидат во тренд ова лето, па ако сте активна жена која обожава да трча и да се занимава со спортски активности, тогаш ви препорачуваме да си одберете квалитетен модел патики кои ќе ви овозможат поголема слобода при движењето и најголемо ниво на удобност, дури и ако поминувате низ најтешките патишта.

За кежуал ентузијасти

(2) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

Верувале или не, овие папучи се голем хит сезонава. Станува збор за исклучително удобни и трајни папучи кои можат да бидат незаменлив дел од вашата прошетка. Со нив вие никогаш не мора да се грижите дека вашите прсти ќе бидат притискани во тесен простор. Исто така, не заборавајте на вашиот педикир пред да излезете со овие обувки.

За фанатици за високи потпетици

(3) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

Штиклите никогаш нема да излезат од мода, но оваа сезона во тренд се малку авангардните и темни обувки кои одлично изгледаат во контраст со посветлата летна облека. Вие можете да одберете гладијатор сандали со високи потпетици или класични сандали кои ја истакнуваат вашата женственост.

За оние кои удобноста им е на прво место

(4) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

Балетанките се вашите најдобри пријатели доколку барате нешто флексибилно и удобно. Вие можете да најдете евтини балетанки во скоро сите бутици кои се направени од материјал кој им овозможува на вашите стапала да дишат додека шетате надвор на топлите температури. Секогаш барајте нешто што одговара на вашиот стил и обидете се да одберете квалитетен модел. Ние ви ги препорачуваме оние модели од кожа кои не само што се удобни, туку и ќе ви траат подолго.

За оние кои се постојано во движење

(5) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

Летото е незамисливо без пар рамни сандали кои можете да ги носите во било кое време и на било кое место. Тие исто така многу лесно се комбинираат со сите видови летна облека. Вие можете да изберете римјанки, рамни гладијатор сандали или класични сандали од кожа кои ќе ви бидат од голема корист за време на топлите летни денови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар