Топ 10 совети за здрава и негувана коса

Ако сакате вашата коса да биде убава и здрава, и покрај хемиските третмани и изложувањето на топлите апарати, мора да водите голема грижа за неа. Дури и здравата коса бара големо внимание, а да не зборуваме за оштетената и тенка коса. Послушајте ги овие драгоцени совети за нега на вашата коса.

1-top-10-soveti-za-zdrava-i-neguvana-kos-www.kafepauza.mk_

1. Редовно скратувајте ги краевите

Идеално би било на секои 3-4 недели по малку да ги кратите краевите. Ако немате можност за тоа, тогаш кратете ги на секои 6-8 недели. Во секој случај, немојте да чекате вашата коса да израсне, па да ја кратите по неколку сантиметри. Со редовното кратење ќе ја одржувате неоштетена, бидејќи ќе го спречите „цветењето“ на косата.

2. За обликување користете ги рацете

Кога ја виткате косата со помош на преса, фигаро или витлери, секогаш на крајот растресувајте ја малку со прстите. На тој начин локните ќе изгледаат поприродно и со прстите ќе ги „расчешлате“ баш како што треба. Чешелот освен што ќе ја растури структурата, може и да ги „скине“ замрсените краеви.

3. Измијте ја косата со ладна вода

Здравата коса обично е сјајна. Ако сакате да го постигнете тоа, после миењето на регенераторот, косата уште еднаш измијте ја со ладна вода, за да ги затворите кутикулите и на тој начин состојките од регенераторот, кои го обновуваат влакното, да останат на него. Секако, ви препорачуваме косата да ја измиете префрлена надолу, за да не ја намокрите главата со ладна вода. Во секој случај, миењето со ладна вода не треба да трае долго.

4. Измијте ја косата како што треба

Колку и да се брзате, немојте да ја миете косата набрзина. Сетете се колку внимание посветува вашиот фризер додека ја мие – и тоа е со причина. Во текот на шампонирањето, со кружни движења на прстите, масирајте ја кожата на главата. Потрудете се на секој дел од главата да направите најмалку пет кружни движења. Потоа добро измијте го шампонот, бидејќи ако остане на косата, кој било препарат кој е наменет за плакнење, може да предизвика измрсување или сушење на влакното, па дури и да ја оштети косата или да ја иритира кожата на главата.

5. Направете патец кој ќе ви одговара

Фризерите препорачуваат вашиот патец секогаш да биде на средина, без разлика како тој започнува напред. На тој начин тој ќе ја одржува косата во рамнотежа и нема едната страна да изгледа слепено. Се препорачува привремено да ја менувате страната на предниот патец, за вашиот преден дел секогаш да изгледа побујно. Страната на која никогаш не го местите вашиот патец со текот на времето започнува да изгледа слепено.

2-top-10-soveti-za-zdrava-i-neguvana-kos-www.kafepauza.mk_

6. Користете масло за нега на вашата коса

Здравата коса одвреме-навреме бара третман со посебни препарати. Пред миење, на косата и кожата на главата нанесете масло специјално наменето за вашиот тип на влакно. Оставете да делува околу 20 минути, па измијте го. После тоа измијте ја косата како и обично.

7. Научете што се нанесува на коренот, а што на краевите

Запомнете дека додека ја миете косата, повеќе шампон треба да нанесете на коренот, а помалку на врвовите. Важно е добро да ја измиете кожата на главата и од нејзините корени да го истиснете вишокот на маснотии. Регенераторот пак се нанесува исклучиво на краевите. Нанесете го на горниот дел само доколку без него не може да ја расчешлате косата. Истото важи и за разните спрејови, масла или некои други препарати за врвовите. Тие никако не ги нанесувајте на коренот и горниот дел од косата, бидејќи може лесно да ја измрсат.

8. Маскирајте ги седите влакна

Немојте веднаш да ја бојадисувате косата штом забележите некое седо влакно. Наместо тоа, одвојте ги прамените каде што имате седи влакна и бојадисајте ги. Дури ни здравата коса не треба често хемиски да се третира, а за тенката и слаба коса тоа може да биде премногу штетно.

9. Искористете ги ротквиците

Доколку го вклучите овој зеленчук во исхраната, не само што ќе го подобрите вашето здравје, туку тоа ќе ја направи вашата коса сјајна. Освен тоа, сокот од ротквица е познат како народен лек против првутот.

10. Направете сами маска за коса

Измешајте банана, јајце, авокадо, две лажици мед и три лажици маслиново масло. Оваа смеса нанесете ја на целата коса – од коренот до врвовите – па оставете да делува 30 минути. После тоа измијте ја косата.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар