Топ 10 ерогени зони кои често ги запоставуваме

Мажите без сомнение во текот на сексот најмногу го допираат задникот, интимната зона и градите на жената, но и покрај тоа што таму се наоѓаат најголемиот број нервни завршетоци, сензорите за уживање се наоѓаат по целото женско тело. Посветувањето внимание на тие занемарени делови може да донесе неочекувано уживање.

Топ десет ерогени зони кои често ги запоставуваме

1. Косата: Поминување со прстите низ косата помага во олабавување на напнатоста.

2. Тилот: Во стара Јапонија тилот се сметал како најголема ерогена зона, бидејќи тоа било едно од ретките места кое не било покриено со облека. Во денешно време, тилот често се игнорира како зона за уживање, но не треба да се потценува моќта на нежните допри и бакнежи во пределот од косата до рамениците.

3. Клучната коска: Убаво обликувана и изразена клучна коска може да биде многу атрактивна и неодолива.

4. Долниот дел од грбот: Ова е деликатно подрачје кое е преполно со нервни завршетоци, па затоа не треба да се запоставува.

5. Зоната под коленото: Ова место е многу чувствително на допир, но често се заборава на него во интимните моменти.

6. Дланките: Луѓето ги користат дланките за стимулација на партнерот, но не размислуваат за тоа дека и тие можат да бидат ерогена зона. Нежно поминување со врвот од прстите по должина на дланката, па сè до коренот е навистина возбудливо.

7. Ушите: Нежно допирање, бакнување, па дури и благо грицкање на ушните школки кај многумина ќе го забрза пулсот и ќе предизвика слатки морници по целото тело, бидејќи ушите се преполни со чувствителни нерви.

8. Стапалата: Масажа на стапалата се смета како нешто многу интимно помеѓу партнерите.

9. Карлицата: Колковите и просторот околу нив се многу сензибилно место поради тенката кожа.

10. Внатрешната страна на бутовите: Галењето и бакнежите во овој дел од телото неизоставно морате да го вклучите во предиграта.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. stefan Reply

    ee kako si saka li devojka da ima bekara trazili bekara nekoja devojka

Остави коментар