Точки на вашите стапала кои можете да ги масирате и да го подобрите вашето здравје

На нашите стапала се наоѓаат зони кои рефлектираат многу од нашите внатрешни органи. Со масирање на овие точки можеме да го подобриме нашето целокупно здравје. Погледнете кои се најважните точки и како правилно да ги масирате.

(7)tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Како да ги масирате вашите стапала?

Препорачливо е да го масирате целото стапало, не само одредени точки. Прво истегнете ги и загрејте ги вашите стапала: одете боси низ собата, подигнете се неколку пати на вашите прсти и ставете ги стапалата во топла вода.

Масирајте го целото стапало со нежни движења, потоа почнете да ја притискате секоја активна точка (од 3 до 7 секунди), движејќи се од прстите кон петата. Користете техники како истегнување (кога ги масирате прстите), тапкање (со работ на вашата дланка), штипкање и триење.

Можеби ќе пронајдете некои точки кои ќе се „активираат“. Ова значи дека органите кои се рефлектираат на овие точки не се во ред. Масирајте ги овие точки подолго.

Техниката на влијание на болните делови е притискање (со вашиот палец), кое треба да биде со паузи. Целиот процес не би требало да ви одземе повеќе од минута. Ако направивте сè како што треба, болката ќе исчезне.

Постојат неколку случаи кога треба да ја избегнувате масажата на стапалата: треска, згрутчување на крвта, влошување на хронични заболувања, длабоки исеченици или повреда на стапалата.

Главните зони на стапалата

(1)tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

И левото и десното стапало се поделени на зони. Секоја зона на стапалото одговара на одреден дел од телото и на органите лоцирани во тој дел.

Прва зона

(2)tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Локацијата и значењето на активните точки на двете стапала се идентични. Рефлексијата на органите во парови (како на пример, очите) се наоѓаат на десното, односно на левото стапало.

Втора зона

(3)tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Значењето на точките на левото и на десното стапало се разликува. Рефлексијата на срцето на левото стапало препорачливо е да се масира кога чувствувате силна возбуда или стрес.

Трета зона

(4)tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje-kafepauza.mk.jpg

Значењето на точките на левото и десното стапало се разликува.

Четврта зона

(5)tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Значењето на точките е исто и на левото и на десното стапало.

Пета зона

(6)tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

И точките на последната зона имаат исто знаење и на двете стапала.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар