Точка за среќа на вашето тело: Со едно движење исфрлете ја целата негативна енергија

Точка за среќа на вашето тело: Со едно движење исфрлете ја целата негативна енергија

Ако често имате напади на паника, анксиозност и стрес, повторувајте ја оваа вежба неколку пати дневно и ќе бидете во можност да ја вратите својата животна рамнотежа.

(1) Точка за среќа на вашето тело: Со едно движење исфрлете ја целата негативна енергија

Во нашето тело постои орган за кој малку се зборува, но кој без сомнение можеме да го наречеме точка за среќа. Она што е најинтересно од сè е што не мора долго да го барате, станува збор за градната жлезда, тимус. Таа е сместена во горниот дел од градниот кош, па доколку сакате да ја пронајдете, треба да ставите само два споени прсти на вдлабнатината на предниот долен дел од вратот, веднаш над градните коски. Тоа е местото кое на вашето тело е најблизу до тимусот.

Тимусот се нарекува точка на среќа бидејќи оваа жлезда помага при неутрализирање на целата негативна енергија, го зајакнува имунитетот и го подобрува целокупното здравје.

Како да ја активирате оваа точка?

Благото удирање, галење или масажа на оваа точка се многу ефикасни методи кои помагаат при подигнување на енергетските вибрации на повисоко ниво. Оваа жлезда ја одржува енергијата на нашето тело, па затоа кога во нашиот енергетски систем настанува нерамнотежа, баш таа жлезда може да помогне. Таа на некој начин е еден вид мост помеѓу мозокот и телото. Под влијание на стресот, оваа жлезда се намалува, а токму тоа доаѓа и до намалување на животната енергија.

(2) Точка за среќа на вашето тело: Со едно движење исфрлете ја целата негативна енергија

Градната жлезда можете да ја стимулирате и со тупаница, но само благо удирајте во вашите гради. Вие можете да допирате и со вашите прсти или пак, да масирате. Правете го тоа околу 20-30 секунди и длабоко дишете. За да постигнете посилен ефект, можете да изговарате и некоја позитивна афирмација во тој момент.

Кога вашата точка на среќа ќе се активира, вие веднаш ќе почувствувате ежење ширум целото тело кое ќе ви донесе чувство на радост и среќа. Можеби првите неколку пати нема да почувствувате ништо, но доколку ја повторувате оваа вежба секојдневно, брзо ќе ја доживеете нејзината ефикасност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар