Тоа се вика „созревање“

Дали има начин однапред да се подготвиме за проблемите кои ни ги носи животот? Можеме ли да го режираме нашето созревање со цел да бидеме целосно подготвени за животните предизвици и да се спасиме себеси од повреди и падови? Сите некогаш сме биле лудо заљубени, повредени или излажани, или пак сме повредиле или излажале некој друг. Аналогно на тоа, би зела примери од многу личности и ситуации, примери поради кои цврсто тврдам дека во животот на секој маж постои жена која му одржала важна лекција, а во животот на секоја жена постои маж кој ја натерал да созрее. Речиси секој кој влегува во нашите животи, нè учи на нешто.Тоа се вика „созревање“Тој еден ден ќе има среќен брак, сопруга која ќе ја сака и деца кои ќе ги остави како свое поколение, но никогаш нема да ја заборави девојката која во раната младост му го скршила срцето. После неа тој станал поинаков човек, можеби подолг период со резерва верувал во љубовта. Зборувам за секој маж, без исклучок. Ја има преболено, но кога ќе помисли на неа и по дваесет години, срцето малку ќе го запече.

Од друга страна, секоја жена односно девојка, сретнала маж кој ја натерал да созрее. Човек кој ја изнел од невиниот детски и розов свет и ја соочил со реалноста. Ѝ укажал на тоа дека во животот постојат различни луѓе со различни карактери. После него сфатила дека некогаш животот не е фер, а со тоа станала дел од светот на возрасните.

Неодамна гледав филм во кој девојчето кое ја толкуваше главната улога проба намерно да созрее. Си го испланира процесот на созревање со цел побрзо да стане жена и да биде целосно подготвена за животните предизвици. Ама созревањето не можело да се режира, едноставно се случува, се искусува. Може да си премногу паметен, ама недоволно искусен, па поради тоа да постапиш навистина глупаво.

Да бевме родени со можност да се програмираме сè да знаеме однапред, да се подготвиме себеси и сè да правиме исправно, животот ќе ни беше навистина здодевен. Во ред е, секоја глупост, секоја грешка, секој погрешен избор, сè е во ред и не е страшно. Тоа се лекции од кои учиме многу. Тоа се вика созревање.

Денес сме попаметни, позрели и поискусни од вчера.

До следното читање,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. sostav Reply

    bravo eli za sekoj sostav sto go pracas site ti se prekrasni

    • Ели Радеска Reply

      Многу ти благодарам за пофалбата :)

  2. BAZUKA Reply

    @Eli Radeska: Ako sakas, napisi go naslovot na toj film sto si go gledala so reziranoto sozrevanje. Pozz

    • Ели Радеска Reply

      Еве линкче: http://www.imdb.com/title/tt1817676/
      Ако не сте го гледале, се надевам дека ќе уживате :)

Остави коментар