Тешко ви е да се мотивирате? Погледнете ги овие едноставни, но ефикасни трикови!

Самомотивацијата е вештина која ви овозможува да направите нешто што е потребно без помош и влијание од другите. Личностите кои самите се мотивираат успешно го завршуваат она што го замислиле, без разлика на тешките околности и дали имаат охрабрување од страна. Самите си се единствен тренер кој е достапен 24 часа на ден и од кого зависи дали ќе бидат успешни или не, а потенцијалот кој се јавува кај тој тренер кој го насочуваат да работи за нив е непроценлив. Погледнете ги овие 5 совети кои ќе ви помогнат успешно да се мотивирате себе.

1-5-nachini-so-koi-mozhete-samite-da-se-motivirate-www.kafepauza.mk_

1. Дефинирајте јасно што сакате да постигнете и зошто

Честопати немаме волја да ги извршиме планираните активности, бидејќи не ја знаеме нивната реална цел, односно немаме јасно поставена цел што сакаме да ја постигнеме и рокот што ни е потребен за таа да биде готова. Затоа најпрво треба да се запрашате зошто правите нешто, бидејќи ако целта е доволно силна, ќе ве држи мотивирани до самиот крај. Доколку таа не е, потребно е да дефинирате некоја поважна цел од која, освен вие самите, корист ќе имаат и другите.

За да напредувате во работата треба да го промените градот во кој работите, а вие немате волја за тоа? Размислете како ќе влијаете во општеството доколку сте на повисока позиција, како и што ќе им значи тоа на вашите родители, партнерот или децата. Од друга страна, ако на пример за цел имате подобра здравствена состојба што е условена со губење одреден број килограми, сигурно ќе бидете помотивирани ако сфатите дека здрави ќе им бидете многу покорисни на вашиот деца и на партнерот. Нека целта биде искрена и вредна за вашата истрајност и обидете се да се држите до неа.

2. Трчајте во свое темпо

Губиме многу енергија и фокус доколку постојано се вртиме назад за да видиме до каде се другите и дали имаат шанса да нè надминат. Затоа не треба да се споредувате со другите, туку е важно да гледате напред и да го следите сопствениот напредок. Секој од нас има поразлични околности, предиспозиции и искуства и секој треба да ја трча сопствената трка во која ќе даде сѐ од себе, без разлика што се случува наоколу.

3. „Морам“ претворете го во „сакам“

Зборот „морам“ во нашиот мозок создава автоматски отпор и впечаток дека некој друг нè присилува на тоа што треба да го направиме. Присетете се дека вие ништо не мора да направите, туку едноставно ги сакате работите што ги правите. Кога на мозокот му даваме информација дека нешто сака, тогаш ја преземаме одговорноста во свои раце и стануваме поангажирани околу дефинирањето на целите. Ако нешто сакаме, ние тоа можеме и да го оствариме. Во желбата се вградени позитивни емоции и ентузијазам, кои се гориво на мотивацијата.

2-5-nachini-so-koi-mozhete-samite-da-se-motivirate-www.kafepauza.mk_

4. Следете ги остварувањата

За редовно да го следите вашиот напредок разделете ја главната цел на помали активности кои треба да ги исполнувате секојдневно, односно во секој момент имајте до знаење што сте изработиле и како можете да бидете поуспешни од вчерашниот ден. На крајот од неделата свртете се назад и погледнете што сте направиле и заблагодарете си самите за направеното. Бидете задоволни со трудот кој го вложувате.

5. Славете ги секојдневно малите успеси

Честопати пропуштаме да ги прославиме сопствените мали успеси, бидејќи тие се „подразбираат“. Меѓутоа, за да останете мотивирани е исклучително важно редовно да се наградувате за секоја успешно помината етапа на патот кон целта. Наградите се индивидуални и зависат од моментот. Понекогаш и паузата од половина час во која ќе уживате со шолја топло кафе може да направат да си се заблагодарите самите на себе за оствареното.

Потребно е да запомните дека самоиницијативата во суштина е секојдневен тренинг. Добрата вест е кога еднаш ќе ја совладате вештината на самомотивацијата и ќе станете задоволни со вашите резултати, лесно ќе можете да ја примените во сите области и во сите проекти. Тоа е универзална вештина во која никакви околности нема да ви пречат да го остварите она што го сакате.

За да го направите првиот чекор и уште денес да започнете да работите на вашата мотивација, прочитајте ги овие мудрости од таткото на мотивацијата – Вејн Дајер.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар