Тенката линија помеѓу диетата и анорексијата

Секој од нас барем еднаш во животот поминал низ некаква диета. Но, до каде ќе се движи таа зависи само од начинот на кој се гледаме себеси во огледалото. Желбата да се биде слаб и верувањето дека ниската телесна тежина се изедначува со убавината може да доведе до сериозни проблеми кои во најлош случај завршуваат со смрт. Постои тенка линија помеѓу диетата и анорексијата која никако не смеете да си дозволите да ја поминете.

Тенката линија помеѓу диетата и анорексијата

Анорексија (anorexia nervosa) е нарушување во исхраната и се карактеризира со екстремно ограничување на внесените калории при што личностите и покрај тоа што се премногу слаби се доживуваат како дебели.

Кои се симптомите на анорексија?

Анорексијата честопати се појавува покрај други психолошки состојби како депресија, анксиозности и/или булимија. Нејзините најчести симптоми се:

  • Екстремно ограничување на внесените калории – јадење помалку калории (во текот на неколку дена) отколку што е потребно за одржување на здрава телесна тежина.
  • Изобличена себе-перцепција и силна желба да се биде слаб.
  • Употреба на лаксативи за да се елиминираат што повеќе калории од диетата.
  • Прекумерено растење тенки влакна на телото, срцева аритмија и онесвестување.

Што ја предизвикува анорексијата?

Сè уште не е познато што точно стои позади анорексијата. Но, постојат неколку фактори кои ја зголемуваат потенцијалноста на одредена личност да ја развие, како:

  • перфекционисти – анорексијата им овозможува да имаат чувство на целосна контрола на нивните животи и тела.
  • родители кои премногу контролираат
  • учествувањето во спортови каде што е потребна контрола на тежината, како танцот и гимнастиката
  • жените се посклони на анорексија од мажите
  • изложеност на нездрави фотографии од премногу слаби модели, глумци, пејачи…
  • адолесценти – анорексијата е премногу често присутна помеѓу младите девојки кои пробуваат да се прилагодат на промените на телото кои доаѓаат со пубертетот.

Кој е третманот за анорексија?

Бидејќи анорексијата може да биде фатална, првиот чекор во лекувањето е фокусирањето на диетата. Во најлош случај, личностите со премногу ниска телесна тежина добиваат интравенозно течности или цевка за исхрана. Наредниот чекор е терапија, посебно групна терапија која има голем успех при лекување на анорексијата. Доколку не постои желба за терапијата, тие се сместуваат во специјални установи за нивно добро, каде што можат да добијат поддршка и совети од личности кои исто така поминуваат низ тој проблем.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар