Теглите се користат за многу работи во домаќинството, но дали знаете дека можат да ви помогнат и со слабеење?

Погледнете на кој начин стаклените тегли може да ви помогнат за да се ослободите од непотребните килограми.

1-staklenite-tegli-se-koristat-za-mnogu-raboti-vo-domakjinstvoto-no-dali-ste-znaele-deka-so-niv-mozhete-lesno-da-gi-izgubite-nepotrebnite-kilogrami-www.kafepauza.mk_

1. Утринска мотивација

Исечкајте лист хартија на 20 помали ленти и на нив напишете по една вежба, а потоа ставете ги во помала стаклена тегла. Теглата ставете ја на ноќното ормарче или во близина на вашиот кревет, а штом ќе се разбудите наутро, извадете едно ливче. Извлечената вежба треба да ја правите една минута, а доколку сте расположени можете да ја правите подолго или пак, да извлечете неколку дополнителни ливчиња. Утринските вежби ја поттикнуваат работата на метаболизмот и може да ве мотивираат за поголема физичка активност во текот на денот.

2. Овесна каша

Овесната каша која сте ја оставиле да ви отстои преку ноќ е одличен, здрав појадок, а одредена мера претставува здраво контролирана порција. Навечер е доволно да сипите малку бадемово, соино млеко или пак вода, а наутро ќе имате готов појадок.

3. Визуализација

Земете две помали тегли кои ќе ги претставуваат килограмите кои сакате да ги изгубите и веќе изгубените килограми. Наполнете ја едната тегла со вати или какви било топчиња кои ќе ги претставуваат килограмите, а во другата ставајте топче по топче кое ќе ги претставува изгубените килограми. Визуализацијата е доста важна, бидејќи ќе гледате дека сте на добар пат.

2-staklenite-tegli-se-koristat-za-mnogu-raboti-vo-domakjinstvoto-no-dali-ste-znaele-deka-so-niv-mozhete-lesno-da-gi-izgubite-nepotrebnite-kilogrami-www.kafepauza.mk_

4. Ужина

Користете мали стаклени тегли со сепаратори во кои ќе можете да ставате здрави грицки, за здрава ужина.

5. Пари

Ставете празна стаклена тегла на видливо место. Секој пат кога ќе вежбате, ставете малку пари во теглата – 50 денари за класично вежбање, 150 денари за целосно направен тренинг. Кога ќе ја наполните теглата со пари, наградете се!

6. Салата

Кога ручекот ќе биде подготвен, тоа ќе ја спречи желбата за купување нездрава храна. Салатите се совршени, бидејќи се нискокалорични и богати со влакна. Немате време за да подготвувате салата секоја вечер? Во голема тегла ставете ги намирниците за вашата омилена здрава салата, која ќе биде доволна за цела недела. По потреба вадете одредена количина салата секојдневно.

3-staklenite-tegli-se-koristat-za-mnogu-raboti-vo-domakjinstvoto-no-dali-ste-znaele-deka-so-niv-mozhete-lesno-da-gi-izgubite-nepotrebnite-kilogrami-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар