Тажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родители

Тажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родители

Двегодишниот Логан Стивенсон не е типичен кум кој би го виделе на свадба. Наместо да ги подаде прстените, тој за време на церемонијата цврсто го држел своето омилено плишано мече. Тој секако не бил во можност да наздрави за младоженците. Всушност, тој го преспал поголемиот дел од настанот, но неговото присуство било сè што сакале неговите родители на својата свадба.Тажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родителиЛоган боледувал од ретка неизлечлива болест наречена Фанкони анемија, како и од леукемија, а имал и други медицински компликации. Неговите родители, Кристин Свирдорски и Шон Стивенсон првично планирале да ја направат свадбата догодина. Но, откако ја добиле дијагнозата и дознале дека нивното чедо има уште неколку недели живот, одлучиле да го поместат датумот за свадбата и да се земат порано во присуство на целото свое семејство, заедно со Логан.

Благодарение на огромната поддршка од локалната заедница, тие ја организирале свадбата за само една недела, која се случила во Џанет, Пенсилванија на 3 август 2013. На свадбата присуствувале и нивните две ќерки Изабела и Савана.

„Ова е остварување на нашиот сон, целото семејство заедно и сите славиме заедно. Ова е прослава за животот на мојот син и прослава на нашиот брак“ – изјавила Кристин.

За семејството ова било тешко лето, особено откако тие морале порано да се вратат од патувањето во Дизниевиот свет во Флорида, кога Логан претрпел тешки шокови. Но, и покрај сите пречки, младоженците биле решени да ги направат среќни последните денови од животот на нивниот син.

„Тој го сака Елвис Присли“, вели мајката. „Секогаш кога Елвис пее, тој едноставно почнува да игра. Исто така обожава шпагети“.

Тажна случка: Смртно болно двегодишно дете – кум на свадбата на неговите родителиПрославата на животот е завет на венчалниот пар во чест на безусловната љубов кон нивниот син.

„Како мајка, мора да останеш цврста и фокусирана и да направиш сè што можеш за да му помогнеш на своето дете“.

Логан Стивенсон починал на 5 август 2013 година, опкружен со семејството, само 2 дена по свадбата на своите родители. Неговата мајка на Фејсбук изјавила:

„Тој е сега со ангелите и повеќе не трпи болка“.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар