Татко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!

Татко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!

Бидејќи на себе си докажал дека е возможно да се има поедноставен живот, Бабаута составил листа на правила до кои би требало да се придржувате ако сакате да бидете подобро организирани и да се ослободите од непотребните работи. Лео Бабаута, кој е татко на шест деца вели дека сега секогаш е среќен кога околу себе гледа ред. Погледнете ги неговите правила и обидете се да ги следите. Сигурно нема да зажалите!

Татко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!

Организирајте се на почетокот и на крајот од секој ден

Запишете три најважни задачи за денот и уште неколку работи што би требало да ги направите. Расчистете ја масата и ставете сѐ на свое место. На крајот од денот, погледнете ги и означете ги точките на вашиот список, а дури можете да се обидете да подготвите сѐ што ви треба за утрешниот ден.

Секогаш кога ќе станете од масата, тргнете по еден предмет

Кога ќе станете да земете чаша вода или пак да одите во тоалет, земете еден предмет кој се наоѓа на масата и ставете го на местото каде што припаѓа.

Кога ќе завршите со јадење, измијте ја својата чинија

Наместо да ја ставите валканата чинија во мијалникот, веднаш измијте ја, а со неа измијте и уште неколку други садови кои се наоѓаат таму.

Избришете го лавабото по секоја употреба

Секогаш откога ќе ги измиете рацете или забите, избришете го лавабото, а истото направете го и со мијалникот по употреба. Исто така можете да приберете уште неколку работи во близина.

Секогаш кога ќе поминете низ некоја соба, кренете и ставете една работа на своето место

Кога ќе влезете во некоја просторија или ќе поминете низ неа, земете едно нешто и ставете го на неговото место, па така не ќе мора да средувате сѐ одеднаш.

Кога ќе соблечете некое парче облека, веднаш приберете го на место

Не оставајте ја облеката на подот или врз мебелот, туку веднаш ставете ја во плакарот, а покрај тоа обидете се уште некој предмет да ставите на вистинското место.

Мазните површини одржувајте ги празни

Масите, работните површини и подовите настојувајте секогаш да ви бидат празни. Секогаш кога ќе поминете покрај работната површина, кренете некој предмет и ставете го на местото каде што припаѓа.

На крајот од работниот ден, архивирајте го материјалот

Ако работите со хартија, сортирајте ја и наредете ја во папки. Ако работите на компјутер, подредете ги сите документи во папки каде што припаѓаат.

Татко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!

Одговарајте веднаш на електронските пораки

Читајте ги и одговарајте на вашите електронски пораки така како што ги добивате, а дури можете да ги префрлате и во посебна папка за да знаете дека треба да ги завршите. Не треба само да ги отворате, да ги оставате прочитани и да не реагирате на нив.

Настојувајте во сандачето за примени пораки да имате само три пораки

Полека почнете да ги расчистувате стотиците или илјадниците пораки кои ви стојат во сандачето. Архивирајте ги, избришете ги или префрлете ги во посебни категории.

Направете листа за 30-дневно купување

Ставете го на оваа листа она што не ви треба итно и не купувајте го додека не поминат тие 30 дена од запишувањето. Дури ако и понатаму ви треба запишаната работа, тогаш купете ја. На овој начин можете да се воздржите од непотребни и лоши трошења.

Ставете ја облеката што не ја носите во друг плакар или во кутии

Отстранете ја гардеробата која не ја носите често и оставете го само она што ви е неопходно. После еден месец ќе знаете која облека ви е помалку неопходна, па ќе можете да размислите да ја подарите некому.

Организирајте саботно чистење

Посветете еден или два часа од саботното утро за да расчистите одреден дел од вашиот дом.

Едно внатре, две надвор

Кога во вашиот дом ќе внесете нешто ново или ќе добиете некој подарок, ослободете се од две слични работи. На пример, ако купите некој пар чевли, подарете или фрлете два други. На овој начин подобро ќе размислувате пред да купувате нешто и полека ќе ги намалувате работите кои ги поседувате. Кога ќе стигнете до задоволително ниво, променете го правилото во едно внатре, едно надвор.

Ограничете го бројот на работи кои ги имате

Размислете да сведете некои предмети на пример на 30 парчиња. Ослободете се од останатите и држете се до одреден лимит кој ќе го поставите самите.

На крајот од секој месец, расчистете го нередот на вашиот компјутер

Организирајте ги работите и избришете ги оние кои не ви се потребни.

Правете тромесечни ревизии

На секои три месеци посветете еден викенд за темелно расчистување на вашиот дом.

Татко на шест деца одредил правила за чистење: Кај нив секогаш сѐ е средено!

Како да ги применувате правилата?

Не треба да ги применувате сите овие правила истовремено. Обидете се секоја недела да воведувате по едно ново, а во текот на неделата настојувајте што подобро да го внесете тоа правило во вашата рутина. Ако сте задоволни со резултатот, продолжете да го практикувате тоа правилно. Направете потсетник на лист хартија кој цела недела ќе ве потсетува на новото правило, а на крај оценете го. Со текот на времето точно ќе знаете кои правила најдобро влијаат на вашиот живот, па ќе станете подобро организирани.

Доколку сакате постојано да гледате ред околу себе, погледнете ги и овие навики на луѓето чиј дом е секогаш совршено чист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар