Тајните на најстариот човек во светот за подолг живот

Автор: Теодора Трповска

Волтер Брунинг има 114 години и е најстариот човек во светот. Бидејќи сите се стремиме кон подолг и здрав живот, прочитајте кои се шесте работи кои Волтер Брунинг нескромно ги споделува со сите.Тајните на најстариот човек во светот за подолг живот

1. Не прејадувајте се

Брунинг вели:

„Јас јадам само два пати во денот.“

Неговиот избор се појадокот и ручекот. Вечерата ја избегнува веќе 30 години.

„Луѓето не треба да јадат многу.“

Тајните на најстариот човек во светот за подолг живот

2. Јадете здраво

Неговиот омилен оброк е џигер со кромид. Тој е обожувач на овошјето.

„Јадам многу овошје.“ Омилени ми се бананата и портокалот.“

Љубовта на Волтер кон овошјето му е добро позната и на градоначалникот на Монтана, Брајан Швајцер, кому за неговиот роденден му подарил кошница со овошје. Волтер вели дека овошјето е клучот на неговото добро здравје и освен тоа што пие по едно апче аспирин секој ден, тој никогаш не примал никакви лекови.Тајните на најстариот човек во светот за подолг живот

3. Бидете љубезни кон луѓето

Брунинг волонтирал во клубот Шринер се до неговата 99-та година.

„Бидете љубезни кон другите. Важно е да правите нешто добро за луѓето околу вас.“

4. Бидете дружељубиви


„Сакам да зборувам со луѓето“

Брунинг добива стотици писма од многу луѓе низ светот. Понекогаш дури и го посетуваат во пензионерскиот центар во кој престојува. Посетителите со него разговараат за неговиот живот и внимателно го слушаат овој мудар старец.Тајните на најстариот човек во светот за подолг живот

5. Активирајте ги вашите тело и мозок

Заради неговиот слаб вид, Волтер не може да чита весници, но затоа слуша радио.

„Секогаш активирате го вашиот мозок без оглед колку години имате.“

6. Работете напорно


„Работете се додека можете. Напорната работа нема да ве убие. Социјалното осигурување нема да трае вечно. Луѓето имаат многу пари, но ги трошат на автомобили. Тие пари треба месечно да ги штедат.”



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. драгица Reply

    Супер статија за животот, јади повеќе овошје и зеленчук, ама и пиј повеќе течност.

  2. Филип Reply

    Џигер со кромид… ммм… :)

  3. miroslava Reply

    navistina ubavo

  4. Име Reply

    Ovie se prekrasni soveti, sega ni preostanuva samo da gi prakticirame

  5. aleksandar Reply

    mi se dopaga nacinot na ishranaa…..ali i mi se dopaga i delot…Работете се додека можете. Напорната работа нема да ве убие. Социјалното осигурување нема да трае вечно. Луѓето имаат многу пари, но ги трошат на автомобили. Тие пари треба месечно да ги штедат.”

  6. Sanja Reply

    Sekoja cest za ovoj covek, maksimalno ja iskoristil moznosta za zivot i napravil i pravi mnogu vo nego i za nego. Kamo srekja site da imaat takov stav za zivotot.

  7. jasmina Reply

    jasmina
    da bese tolku ednostavno nemase da e eden covek na cel svet site znaeme no vo praksa e poinaku

Остави коментар