Тајни за исхраната од дерматолог кои ќе ја направат вашата кожа совршена

Сите ние, особено девојките, купуваме стотици разни производи за убавина кои се надеваме дека ќе ни помогнат да ја имаме совршената кожа. Многу често не сакаме ни да помислиме колку всушност трошиме на овие производи. Но, во 2005 година еден дерматолог открил дека е возможно да се ослободиме од акните, пигментацијата, брчките, па дури и од сувата кожа без скапа козметика. Сè што е потребно е вклучување на неколку намирници во нашата исхрана.

Пеги

(1)tajni-za-ishranata-od-dermatolog-koi-kje-ja-napravat-vashata-kozha-sovrshena-kafepauza.

Причина:

Пигментацијата може да биде знак за недостаток на витамини, особено Б12. Храната од животинско потекло е богата со овој витамин, но може да се ослободите од пегите дури и без месо, само е потребно да знаете што точно да јадете.

Што да направите:
  • Витамините Ц, Е и антиоксидансите, како екстракт од семки од грозје може да ви помогнат да ги намалите пегите. Овие корисни елементи можете да ги пронајдете во цитрусните овошја, јагодите, кивите, доматите и калинките.
  • Пигментацијата станува повеќе изразена ако поминувате многу време на сонце. За да ја заштитите кожата од штетните ултравиолетови зраци, внесувајте храна богата со антиоксиданси како бобинки, цитрон, ананас, сливи, зелка, чили и спанаќ.

Мрсна кожа

(2)tajni-za-ishranata-od-dermatolog-koi-kje-ja-napravat-vashata-kozha-sovrshena-kafepauza.

Причина:

Докажано е дека храната со висок гликемичен индекс го зголемува производството на масло на кожата, кое пак е потребно за нејзино навлажнување.

Што можете да направите:
  • Козметиката може само привремено да го реши овој проблем. Но, исхраната богата со витамин А значително го намалува производството на масло. Покрај ова, храната богата со овој витамин е вкусна – манго, моркови, жолчки од јајца, кајсии, спанаќ и сладок компир.
  • Треба да го намалите и внесувањето храна со висок гликемичен индекс. Јадете помалку леб, компири и тестенини.

Акни

(3)tajni-za-ishranata-od-dermatolog-koi-kje-ja-napravat-vashata-kozha-sovrshena-kafepauza.

Причина:

И овде може да се „обвини“ храната со висок гликемичен индекс. Поради ова, луѓето со мрсна кожа почесто имаат проблеми со акните. Маслото кое се лачи ги блокира порите каде што се бактериите и тие почнуваат побрзо да се множат, па настанува воспалување.

Што да правите:
  • Најважно е да јадете храна која има полинезаситени масни киселини кои го намалуваат воспалувањето. Овде спаѓаат овошје, зеленчук, јаткасти плодови, ленено семе и морска храна.

Сува кожа

(4)tajni-za-ishranata-od-dermatolog-koi-kje-ja-napravat-vashata-kozha-sovrshena-kafepauza.

Причина:

Сувата кожа е знак на недостаток на холестерол, како и премногу витамин Е во вашето тело. Првата причина е најчеста за вегетаријанците бидејќи најголемиот извор на холестерол се месото и рибата.

Што да правите:
  • Зголемете го консумирањето на монозаситени масни киселини. Тие најдобро се обработуваат кога внесувате грав, јајца, соја, авокадо, кикирики и други јаткасти плодови.
  • Ако не сте вегетаријанец, почесто внесувајте месо и риба.

Брчки

(5)tajni-za-ishranata-od-dermatolog-koi-kje-ja-napravat-vashata-kozha-sovrshena-kafepauza.

Причина:

Алкохолот предизвикува дехидратација, која пак води до појава на брчки. Шеќерот може да биде уште една причина за прерано стареење на кожата. Гликозата која ја содржи шеќерот ја прави вашата кожа покрута.

Што да правите:
  • Пред околу 10 години, истражувачите откриле дека антиоксидансите можат да ја подмладат кожата. На пример, ако редовно јадете храна која содржи соја, знаците на старост речиси целосно ќе исчезнат од кожата.
  • Истражувањата покажале дека брчките помалку се забележуваат кај луѓето од Шведска, а ова е последица на добрата исхрана. Швеѓаните јадат многу лисест зеленчук, спанаќ, целер, модар патлиџан, кромид и лук. Тие речиси и да не јадат црвено месо, шеќер, путер, маргарин млеко и други млечни производи.

Темни кругови под очите

Dark Circles Under Eyes

Причина:

Верувањето дека темните кругови се појавуваат само поради недостаток од сон е грешно. Овие кругови може да бидат и симптом за сериозна болест – алергија или нетолеранција на храна која води до воспалување и потемнување на пределот околу очите.

Што да правите:

Тестирајте се дали сте нетолерантни на некоја храна. Додека да ги добиете резултатите, отстранете ги сите потенцијално опасни продукти од вашата исхрана, како на пример храна која содржи лактоза. Овде спаѓаат млечни производи, леб, чипс, инстант кафе, инстант супи и вештачки засладувачи.

  • Ако не сте алергични на некоја храна, темните кругови може да бидат знак на дехидратација. Пијте многу вода и намалете го консумирањето кафе.
  • Во исхраната вклучете продукти кои содржат хем железо. Оваа храна го зголемува нивото на хемоглобин, па затоа јадете повеќе црвено месо, туна и жолчки од јајца.

Доколку не знаете кој е вашиот тип кожа, овие совети ќе ви помгнат да го откриете.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар