Тајни за слабеењето што ги знаат само нутриционистите

Тајни за слабеењето што ги знаат само нутриционистите

Слабеењето во поголем дел од случаите воопшто не е лесно и тоа го знаат сите оние кои се обиделе неуспешно да ги намалат вишокот килограми. Информациите за различни диети и начини на исхрана, што можеме, а што не можеме да јадеме, нè бомбардираат од сите страни, па многу е лесно да се „загубиме“ во сето тоа. Наместо слепо да се водите по сите оние хаотични информации што ги изнесуваат медиумите, а се поврзани со слабеењето, насочете се кон советите од нутриционистите, бидејќи тие сепак, подобро од сите останати, знаат каква исхрана е најдобра за човечкиот организам. Иако истите работи нема да функционираат за секого, бидејќи секој организам се разликува, некој има побрз, а некој побавен метаболизам, сепак постојат неколку општи правила кои важат за сите. Нутриционистите ги открија клучните тајни врзани за слабеењето, а ние ги споделуваме со вас во продолжение.

1-tajni-vrzani-za-slabeenjeto-koi-gi-znaat-samo-nutricionistite-www.kafepauza.mk_

1. Немојте да бидете фокусирани само на јаглехидратите

Исфрлувањето на јаглехидратите од исхраната може да доведе до слабеење, но само ако со тоа го намалите и внесувањето калории. Доколку ги исфрлите јаглехидратите, но наместо тоа во вашата храна внесете јаткасти плодови и масла, нема да ослабете. Згора на тоа, можете дури и да качите неколку килограми. Па, доколку сакате да ослабете, обидете се да го намалите вкупното внесување калории.

2. Игнорирајте ја вагата

Доколку сакате да го следите вашиот напредок при намалувањето на килограмите, наместо стрелките на вагата, фокусирајте се на вашите панталони кои ви се најдобриот показател дали и колку сте ослабеле. Бројките на вагата се важен показател за општото здравје, но исто така зависат од многу фактори. Токму поради тоа вашата облека е многу подобар показател.

3. Уживајте во храната што ја јадете

Доколку не обрнувате внимание на храната што ја јадете, никогаш нема да ослабете. Со други зборови, доколку во текот на вашиот оброк гледате телевизија или пак, чепкате по мобилниот, тоа би можело да резултира со прејадување, бидејќи не сте свесни за количината на храната што ја внесувате. Наместо тоа, кога јадете немојте да правите ништо друго за да можете да се фокусирате на секој залак што ќе го внесете.

2-tajni-vrzani-za-slabeenjeto-koi-gi-znaat-samo-nutricionistite-www.kafepauza.mk_

4. Хидратацијата е важна

Многу е важно да знаете дека внесувањето сокови и други напивки богати со шеќери и разни додатоци не се добри за вашиот организам. Но, знаете ли што треба да пиете наместо тоа? Ладна вода. Всушност, како што тврдат нутриционистите, пиењето ладна вода може да ви помогне да согорите и до 100 дополнителни калории. Помага и обичното црно кафе, секако, без шеќер и млеко. Освен што го поттикнува согорувањето на калориите, исто така ќе ви помогне и подолго да останете сконцентрирани на работното место.

5. Слабеењето е долготраен процес

Диетите кои ветуваат брзо и драматично губење на килограмите се доста возбудливи и привлечни. За жал, истражувањата покажаа дека по завршувањето на таквите диети сите килограми повторно се враќаат. Попаметен начин? Немојте да правите нешто за губење на килограмите за кое не сте подготвени да го правите засекогаш. Па, доколку сакате да ослабете и да останете слаби, ќе мора да се придржувате до одредени навики до крајот на животот.

6. Секогаш со себе имајте здрави грицки

На многумина им е тешко да се придржуваат до своите здравствени прехранбени навики кога ќе се најдат на пат, состанок или пак во друштво со пријателите. Во таквите ситуации е многу лесно да паднете во искушение. Сепак, кога е во прашање слабеењето, клучот лежи во доследноста. Поради тоа, секогаш имајте на дофат нешто здраво, како на пример, здрави грицки кои ќе ви помогнат полесно да им одолеете на искушенијата.

7. Јадете од 3 до 4 оброци дневно

Поновите истражувања покажуваат дека стратегијата која советува да јадете почесто, но помали оброци, всушност е прилично дефицитна. Наместо тоа, денешните нутриционисти советуваат да јадете помал број похранливи оброци. Тоа ќе ви помогне да бидете помалку опседнати со храната во текот на денот.

3-tajni-vrzani-za-slabeenjeto-koi-gi-znaat-samo-nutricionistite-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар