Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Овие луѓе не станале познати правејќи ги работите како сите други. Кога станува збор за готвење, тие се вистински уметници. Па, погледнете некои од тајните состојки на познатите готвачи кои сигурно ќе ви се најдат.

1. Алтон Браун: Сумак

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Можеби не го користите овој зачин често, но би требало да почнете. Според Алтон Браун, овој зачин е одличен за приготвување храна со скроб.

„Додава длабочина на сè со скроб – грав, компири, ориз…“

2. Боби Флеј: Меласа од калинка

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Овој мајстор за скара секогаш приготвува неверојатна храна. А една од неговите тајни состојки е меласа од калинка.

„Сакам да ја користам за да создадам рамнотежа кај преливите за салата.“

3. Емерил Лагас: Креол зачин

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Како што изјавил овој готвач:

„Овој зачин ми е најдобар пријател во кујната. Тој е совршена мешавина од сол, бибер и други тревки и зачини.“

4. Гијада де Лорентис: Маскрапоне сирење

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Не е ни чудно што на познатата Италијанка омилената состојка ѝ е ова сирење.

„Сакам да го користам и во слатки и во солени оброци. Може да се користи наместо павлака или крем сирење.“

5. Мајкл Симон: Лимон

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Овој готвач ја знае вредноста на нешто едноставно. Според него, малку лимонов сок прави голема разлика.

„Не може да се готви со многу животински масти без киселоста на лимонот.“

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар