Тајната за долг живот според 105-годишен човек

Тајната за долг живот според 105-годишен човек

Секој сака да ја знае тајната за долг и среќен живот без постојано да внимава на секој дел од него. Доктор Шигеаки Хинохара, кој доживеал 105 години, верувал дека тајната е во неколку основни и едноставни принципи, од кои едниот е доцното пензионирање.

tajnata-za-dolg-zhivot-spored-105-godishen-chovek-kafepauza.mk

Доктор Шигеаки ги поставил темелите на јапонската медицина и имал голема улога во долговечноста на Јапонците. Тој објавил и свој водич за живеење долг и здрав живот.

Во едно интервју тој ги изнел своите мислења за основните за долг и среќен живот. Тој објаснил дека возраста за пензионирање во Јапонија била 65 години, а тој период просечниот Јапонец живеел 68 години. Ова го натерало да верува дека сега, штом луѓето живеат подолго – околу 84 години, би било подобро да се пензионираат кога се постари.

Хинохара починал на 18-ти јули, оваа година, но до последниот момент работел по 18 часови, дури и на 105-годишна возраст. Кавагучи, чиј ментор бил Хинохара, изјавила:

„Тој веруваше дека главното нешто во животот е придонесот, па тој имаше огромна желба да им помогне на луѓето, да стане рано наутро и да направи нешто прекрасно за другите. Токму ова му овозможи да живее долго. Тој секогаш имаше цел за денес, за утре и за наредните 5 години.“

Постојат и други принципи на Хинохара:

  • Помалку грижете се за храната и спиењето и забавувајте се. Сите ние се сеќаваме дека како деца сме заборавале да спиеме од забава. Тој верувал дека можеме да го задржиме ова однесување и кога сме возрасни. Најдобро е да не го заморувате телото со премногу правила како ручек и време за спиење.
  • Немојте слепо да верувате во зборовите на вашиот лекар. Кога тој ќе ви препорача да направите некој тест или да направите операција, прашајте дали докторот би го препорачал истото за неговиот партнер или деца. Докторите не можат да ги излечат сите. Па зошто да си создавате непотребна болка со операција? Хинохара сметал дека музиката и терапијата со животни можат да помогнат многу повеќе отколку што мислат докторите.
  • Ако сакате да живеете долго, немојте да имате прекумерна тежина. Хинохара за појадок пиел кафе, чаша млеко и свеж сок од портокал со една лажица маслиново масло. За ручек јадел колачиња и млеко, или ништо ако бил премногу зафатен. За вечера јадел зеленчук, малку риба и ориз, а два пати неделно јадел 100 грама месо.
  • Секогаш користете ги скалите и носете ги вашите работи. Хинохара изјавил дека секогаш качувал преку една скала бидејќи така се раздвижувал повеќе.
  • За да ја победите болката забавувајте се. Болката е мистериозна, а забавата е најдобриот начин да се ослободите од неа. Во неговата болница имало музичка терапија и терапија со животни, но и часови по уметност.

Мудрости од древните Маи: 8 совети за здрав и долг живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар