Тајната на законот за привлекување: Дали го благословувате или проколнувате вашиот живот?

Дали сте знаеле дека можете да си го благословите или проколнете животот? Тоа е така благодарение на зборовите. Зборовите што ги изговарате имаат огромна моќ. Можеби сте забележале дека работите што најмногу ги спомнувате се оние коишто спонтано ви се случуваат во животот. Честопати мислиме дека се жалиме поради тоа што ни се случило нешто лошо, но вистината е дека негативните работи се случуваат како последица од нашите жалби!

Тајната на законот за привлекување: Дали го благословувате или проколнувате вашиот живот?

На пример, доколку постојано си велите „Никогаш ништо не освојувам“, такво ќе биде и вашето искуство во реалноста, без разлика дали станува збор за играње лотарија или коцкање во казино.

Но, доколку го смените начинот на размислување, многу брзо ќе забележите голема промена. Наместо постојано да зборувате дека не можете ништо да освоите, обидете се да зборувате за вашата добивка. Токму тоа ќе ви донесе некаква награда, без разлика дали се работи за голема или мала. Со тоа што постојано им кажувате на луѓето дека никогаш не добивате награди, вие си го проколнувате животот, но време е тоа да се смени!

Дали си го благословувате или проколнувате животот?

Доколку не сте сигурни, обрнете внимание на речениците што редовно ги употребувате. Иако не можете да внимавате на секој збор што ќе го изговорите, обидете се барем да ги препознаете најчестите „клетви“ со коишто самите се проколнувате. Ова се неколкуте најупотребувани…

  • „Маж ми секогаш ги расфрла работите во домот.“
  • „Тешко ми е да разговарам со луѓе кои не ги познавам.“
  • „Прво работа, потоа уживање.“
  • „Многу сум нервозен/на.“
  • „Мразам понеделници.“
  • „Алкохолот ми помага да бидам подружељубив/а.“
  • „Не можам да им верувам на луѓето.“
  • „Не можам да си го дозволам тоа.“
  • „Секој ден се случува едното исто.“

Доколку забележите дека постојано користите една иста „клетва“, запишете ја некаде. Обидете се да не ја изговарате. Ќе ви треба вежбање, но трудете се колку што можете повеќе. Ако е можно, најдете алтернативен „благослов“ со кој ќе ја замените вашата најчеста „клетва“. На пример, наместо да велите „Мразам понеделници“, кажете си „Понеделник е одлична можност за нови почетоци“.

Внимавајте на зборовите што ги употребувате. Постојано си го благословувате или проколнувате животот. Не заборавајте дека речениците што секојдневно ги користиме имаат огромно влијание на реалноста што ја доживуваме.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар