Тајна чувана 8 векови: Чудотворен лек за срцеви тегоби

Тајна чувана 8 векови: Чудотворен лек за срцеви тегоби

Творецот на овој добро чуван рецепт била монахињата Хилдегард фон Бинген која живеела пред 800 години. Нејзиниот рецепт за срцеви проблеми бил толку добар што дури и познати доктори почнале да го објавуваат во своите пишани дела.

Тајна чувана 8 векови: Чудотворен лек за срцеви тегоби

Таа советувала секој дом да го има овој лек бидејќи со него можат да се постигнат необични успеси. Тој се покажал одличен кај оние кои имаат различни видови срцеви слабости и болести, а се користи секогаш кога чувствувате какви било тежини, како на пример, боцкање, треперење, прескокнување… Тој исто така може многу да помогне и при ангина пекторис.

Потребни состојки:
  • 10 свежи стебла магдонос (без корен)
  • 1 литар домашно црно или бело вино
  • 2 лажици вински оцет
  • 300 грама природен мед
Начин на подготовка:

10-те свежи стебла магдонос, заедно со нивните лисја ставете ги во литар чисто природно вино и додајте 1-2 големи лажици чист вински оцет. Варете 10-тина минути на тивок оган (внимавајте, може да се направи пена), а потоа додајте ти 300-те грама природен мед направен од пчели и оставете да се вари уште околу 4 минути. Исцедете го пијалакот и додека е сè уште топол ставете го во шише кое претходно било дезинфицирано со силен алкохол. Добро затворете. Талогот кој се создава воопшто не е штетен и може да се пие.

Употреба:

Пијалакот се користи секојдневно, по 1 супена лажица сè додека не ви престанат тегобите. За потешките срцеви болести е потребно да се користи подолг временски период.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар