Свежо овошје за бели заби

Доколку посакувате да имате бели и здрави заби, овие видови овошје можат да ви помогнат да си ја остварите целта. Тие не само што се вкусни, туку гарантираат и блескава насмевка.

Свежо овошје за бели заби

Јагоди

Веќе со години јагодите спаѓаат во групата намирници кои се многу здрави за забите. Тоа е така, бидејќи во себе содржат овошна киселина која ги прави забите бели и сјајни, а го спречува и создавањето на дамки од храна и пијалаци.

Јаболко

Јаболката имаат многу цврста структура, која на некој начин има ефект на четкичка за заби. Додека го џвакате јаболкото, ситни парчиња се пикаат помеѓу забите и непцата и на тој начин ги чистат од бактерии. Исто така, јаболкото ги неутрализира киселините и на тој начин го спречува појавувањето на кариес.

Банани

Пробајте да си ги избелите забите со кора од банана, така што со внатрешниот дел од кората нежно ќе ги полирате забите и непцата најмалку две минути. После тоа измијте ги забите со паста за заби. Многу брзо ќе забележите дека забите ви се блескави.

Портокал и ананас

Киселината од портокалите и ананасот содржи ензими кои ги убиваат бактериите, меѓу кои и оние кои создаваат лош здив. Овие овошја, исто така го зголемуваат создавањето на плунка која ги мие дамките на забите, направени од сокови, кафе или црвено вино.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар