Свежа салата од тенко сечкани краставички

Совршен летен ручек… Оваа салата можете да ја јадете наместо цел оброк или да ја комбинирате. Свежа е, лесна и заради начинот на кој се исечкани краставичките во неа, е многу „послатка“ за јадење, а може да ви пружи задоволство колку цела чинија со тестенини прекриени со вашиот омилен сос.Свежа салата од тенко сечкани краставичкиПотребни состојки:

  • една голема краставица
  • 2 лажици оцет од ориз
  • 3 лажици мајонез
  • 1 прстофат сол
  • 3 мали лажички шеќер
  • 1/4 лажичка зачин од копар или 2 лажички свеж копар

Подготовка: Исечкајте ја краставицата на долги парчиња со помош на нож за лупење зеленчук и ставете ја во длабок сад за салата. Измешајте ги сите останати состојки во мал сад и потоа додадете ги во садот со краставицата. По желба, одозгора може да додадете лукче.Свежа салата од тенко сечкани краставички
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар