Светската здравствена организација објавила: Статусот сингл ќе се смета за инвалидитет

Светската здравствена организација ќе ја промени дефиницијата за инвалидитет со цел да ги класифицира луѓето без сексуален партнер како „неплодни“. Целта на новата контроверзна класификација е да им овозможи на хетеросексуалните сингл мажи и жени, како и хомосексуалните мажи и жени, кои бараат оплодување со ин витро за да имаат дете, да го добијат истиот приоритет како и паровите. На тој начин ин витрото оплодување ќе стане достапно за сите.

Светската здравствена организација објавила: Статусот сингл ќе се смета за инвалидитет

Сосема очекувано е тоа што ваквото проширување на дефиницијата за инвалидитет предизвика бурни реакции кај многумина кои сметаат дека ова не е дозволиво за медицинска организација што поставува светски стандарди.

„Овие апсурдни бесмислици не само што ја редефинираат неплодноста, туку комплетно го занемаруваат биолошкиот процес и значењето на природниот сексуален однос помеѓу мажот и жената. Што е следно? Создавање и растење бебиња во лабораторија по нарачка?“, изјавила Џозефин Квинтавал, активистка и директорка на оддел за репродуктивна етика.

Но, доктор Дејвид Адамсон, еден од авторите на новите стандарди, тврди дека ова движење има цел да воспостави медицинска еднаквост.

„Дефиницијата за неплодност моментално е напишана на таков начин што ги вклучува правата на сите поединци да имаат семејство, а тука спаѓаат и сингл мажите, сингл жените, геј мажите и геј жените. Според неа, поединците имаат право да се размножуваат без разлика дали имаат или немаат партнер. Тоа значително ќе ги смени правилата околу тоа кој сѐ треба да припадне во оваа група и кој треба да има пристап до здравствена грижа. Тоа ќе постави нови меѓународни легални стандарди, што е задолжително за сите земји“, објаснил докторот.

Моментално, инвалидитетот се дефинира како некој со „физичко или ментално нарушување што значително ги ограничува животните активности, личност која има историја на такви нарушувања или личност за која другите сметаат дека има такви нарушувања“. Оваа дефиниција не ги покрива сите нарушувања, а основањето семејство се смета за важна животна активност според многумина.

Светската здравствена организација сѐ уште не ги официјализирала новите термини, но веќе има голем напредок. Останува да видиме какви ефекти ќе има ова движење на здравствениот систем во земјите ширум светот.

Прочитајте ги и следниве 8 работи што секогаш им се случуваат на луѓето кои се сингл подолго време.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар