Стромболи – вкусна пица во вид на ролат

Стромболи – вкусна пица во вид на ролат

Нешто како пица, само позабавно за јадење

За ова интересно јадење ќе ви бидат потребни вкупно 3 часа и 25 минути, а со една доза ќе направите доволно за да сервирате 6 чинии. Состојките се сосема опционални, така што можете да го подготвите вашето стромболи со што сакате.

Стромболи – вкусна пица во вид на ролат

Потребни состојки за тестото:
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 голема лажица шеќер
  • 180 мл топла вода
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажица маслиново масло
  • 300 грама брашно
Потребни состојки за филот:
  • 200 грама проволоне сирење или кашкавал
  • 300 грама салама
  • 1 блага пиперка
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка италијански микс од зачини (бибер, нане, оригано, лук, босилек, сушен кромид, сушен магданос, семе од целер)

1. Измешајте ги топлата вода, квасецот и шеќерот. Мешајте додека не се растворат состојките. Оставете ја смесата да седи 5 минути. Потоа додадете ги маслиновото масло и солта и префрлете ја целата смеса во голем сад каде што ќе додадете 1/3 од брашното. Измешајте додека не се измазни смесата.

2. Продолжете да додавате брашно, по околу 50 грама на едно додавање, сè додека тестото веќе не можете да го мешате со лажица. Потоа префрлете го тестото на набрашнета површина и месете го околу 5 минути, постојано додавајќи брашно. Месете и додавајте брашно додека тестото престане да лепи, но притоа да остане меко. Отприлика треба да употребите 230-300 грама брашно вкупно. Направете топче од тестото и ставете го пак во садот, покриено со пластична фолија, и оставете го да стои 1-1,5 час, односно додека да порасне двојно.

3. Штом тестото е доволно нараснато, префрлете го повторно на набрашнета површина и од него формирајте неправилен правоаголник. Потоа истегнете го да добиете поголем правоаголник (околу 30 на 45 см). Тегнете го наместо да го сукате со сукало за да добиете помека кора на крајот.

4. Ставете ги сите состојки за филот и завиткајте го тестото по должина на правоаголникот. Ставете го ролатот во тавче обложено со хартија за печење и одозгора поминете го со четка со останатата количина маслиново масло.  Додадете ги зачините и оставете го ролатот да нарасне уште еден час.

5. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Печете 25 минути или додека горниот дел од ролатот да добие златно-кафена боја. Исечете го стромболито на 12 парчиња. Уживајте!

Стромболи – вкусна пица во вид на ролат Стромболи – вкусна пица во вид на ролат Стромболи – вкусна пица во вид на ролат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар