Строго забрането: Што не смеат да прават гинеколозите во текот на прегледот?

Можеби имате читано како треба да се однесувате кога одите на гинеколог и што задолжително треба да споделите со него, но исто така треба да обрнете внимание и на неговото однесување за да знаете дали професионално ја извршува својата работа.

1-strogo-zabraneto-shto-ne-smeat-da-pravat-ginekolozite-vo-tekot-na-pregledot-kafepauza.mk

Гинеколошките прегледи и онака не се многу удобни, а на многу жени им е особено тешко да се опуштат во таа ситуација, на што понекогаш може дополнително да влијае непрофесионалниот и неетички пристап на нивниот гинеколог.

Доколку ги забележувате овие 4 работи кај вашиот гинеколог во текот на прегледот, време е за промена, а во некои случаи, и за пријава на таквото однесување.

1. Осуда

Со гинеколозите разговараме за најинтимниот дел од нашиот живот. Мораме да бидеме искрени во текот на прегледот како тие би можеле да ја откријат причината за нашиот здравствен проблем, но многу жени одлучуваат да премолчат или излажат за некои работи токму поради стравот од осуда од нивниот гинеколог.

Имајте на ум дека вашата должност е да бидете искрени, а нивната – да бидат професионални. Во ниеден момент не смеат да ве осудуваат заради кои било детали од вашиот сексуален живот. Во обѕир доаѓаат само професионалните совети кои ќе ви помогнат подобро да го разберете најинтимниот дел од вашето тело и да го зачувате вашето здравје.

2. Лични уверувања

Тие се обврзале на чување на вашето здравје и пружање медицинска грижа, но не е во ред да ви кажуваат што смеете, а што не смеете да правите врз основа на нивните лични уверувања. Запомнете, вашето тело е само ваше.

3. Погрдни коментари за телото

Тие воопшто не би требало да коментираат за вашето тело, освен ако тоа не е во склоп на некој медицински разговор. Каков било муабет во врска со изгледот на вашето тело што не е поврзан со вашето здравје не е дозволен.

4. Преглед без објаснување

Секоја жена треба да знае што нејзиниот доктор прави во дадениот момент. Што подетално објаснување, толку поопуштена ќе биде пациентката, а тоа ќе влијае таа да има и попријатен и помалку болен преглед. Доколку вашите гинеколози не ви кажуваат што прават, вие слободно прашајте си сè што ве интересира во врска со прегледот.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар