Стравот е најголемиот крадец кој постои во вас

Дали некогаш сте се откажале од преземање следен чекор во вашата кариера, само затоа што сте помислувале на сите лоши работи кои може да ви излезат на патот? Дали и вие си поставувате прашања од типот „Што ако не успеам?“, „Што ако луѓето никогаш не ме ценат?“, „Што ако умрам уште пред да станам познат/а во мојата кариера?“ Дали некогаш сте ги промениле плановите за кои конечно сте мислеле дека имате шанса да ги реализирате, само затоа што ве окупирале негативни мисли? Дали некогаш сте се спречувале себеси целосно да се впуштите во некоја љубовна врска, само затоа што сте сметале дека не сте доволно добри за таа личност? Ако ова ве опишува, тогаш најверојатно длабоко во вас постои „крадец“ кој се нарекува страв.

Стравот е најголемиот крадец кој постои во вас

Стравот е непријател кој доаѓа да ги украде вашите животи во средина од денот, додека сте будни и точно во моментите кога треба да донесете одлука која е клучна за вашиот живот. Стравот најчесто е неоправдан, нереален и без причина. Речиси секој во животот се соочува со него во некои моменти, но, тоа нема само лоша страна. Имено, стравот понекогаш може да ве штити од донесување погрешна одлука. За некои луѓе стравот е причина тие да продолжат напред и да ја достигнат целта од која се плашеле. Стравот од неуспех ги притиска да постигнуваат сѐ повеќе и повеќе.

Но, многумина стравот ги држи и во мирување. Тој ви го запира дишењето во моментите кога најмногу ви треба кислород. Ве тера да ги видите негативните страни на ситуацијата и ги става во сенка оние позитивните. Тој ви го исцрпува животот. Многу често стравот ви се чини како вистински и голем и тоа се должи на вашата потсвест. Тој не постои на друго место, освен во вашиот ум. Лажните работи ви изгледаат како вистински. И како сѐ друго на што обрнувате поголемо внимание, наскоро тоа ќе стане ваша реалност. Можете ли да согледате зошто не би требало да го правите ова? Една работа која стравот „ја краде“ од вас е вашата мотивација да продолжите напред и тоа ве спречува да го живеете животот кој вистински го сакате. Откако ќе дозволите тој да влијае на вашите одлуки и избори, никогаш не ќе можете да дојдете до онаа точка на слобода каде што ќе го живеете животот кој го сакате. Секогаш кога ќе разгледувате што би можело да тргне наопаку во вашиот живот, кариера, бизнис или љубовна врска уште пред да го преземете првиот чекор, вие си ја ограничувате својата среќа и лично исполнување. Животот во постојан страв е исто како да сте мртви. Најлошото нешто што може да му се случи на некој е да биде мртов додека е жив.

Стравот е најголемиот крадец кој постои во вас

Стравот ве држи на работ и прави да бидете просечна личност, дури и да сте родени со преголем капацитет. Тој ви кажува дека не можете да достигнете нешто и покрај тоа што во вас се кријат одлични квалитети. Стравот ви кажува дека нема да успеете во вашите намери, иако вие ги имате сите потребни карактеристики за да го остварите тоа. Тој ве спречува повторно да се заљубите, мислејќи дека и овој партнер повторно ќе го направи истото. Но, реалноста е дека само една ваша одлука ве дели од реализирањето на вашите соништа. Стравот е непријател кој ве спречува да го живеете животот во целост!

Ако не сакате животот да ви биде исполнет со жалење, тогаш треба да се откажете од стравот. Не постои човек кој е среќен и исполнет, а кој во себе има страв. Во одреден момент ќе морате да донесете одлука за да го надминете тоа. За таа цел, овде ви прикажуваме неколку совети кои може да ви помогнат да се ослободите од овој непријател.

1. Идентификувајте го вашиот страв

Не можете да му се спротивставите на она што не го знаете. Обрнете внимание на вашата личност и вашиот ум. Од што навистина се плашите? Какви слики гледате во вашата глава? Станете свесни за вашата потсвест.

2. Разговарајте со некого

Кога негативните мисли ќе го окупираат вашиот ум, еден начин да се ослободите од нив е да разговарате со некого. Тоа може да биде терапевт, пријател од доверба, вашиот брачен другар, вашите деца, родители или некој со кој се чувствувате удобно. Не треба да ја чувате таа негативна енергија во себе. Кога отворено ќе зборувате за тоа и ќе се соочите со тие мисли, вие ќе можете да се ослободите од стравот.

3. Бидете позитивни

Негативноста е семето кое го носи плодот наречен страв. Наместо да размислувате за тоа колку лоши работи може да ви се случат, помислете на колку работите може да бидат и добри.

4. Соочете се со вашите стравови

Никогаш не бегајте од вашите стравови. Не правете изговори. Соочете се со нив со логика и разум. На овој начин тие засекогаш ќе исчезнат од вашиот ум. Преземете некои постапки и ќе видите дека работите не се толку лоши колку што мислите дека се.

Не дозволувајте стравот да ве запре во што било!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар