Страчатела сладолед со кафе

Леден деликатес кој е совршен за топлите денови

strachatela-sladoled-so-kafe-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 350 мл слатка павлака
  • 240 мл млеко
  • 110 г шеќер
  • 1/2 стапче од ванила (поделенo по должина) или 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 големи жолчки од јајца
  • 2 лажички инстант еспресо во прав
  • 80 г црнo чоколадо
Начин на подготовка:
  1. Измешајте ги слатката павлака и млекото со ½ од шеќерот во средно длабок сад. Додајте ја ванилата. Оставете смесата добро да се загрее (не да зоврие) и мешајте додека не се растопи шеќерот. Потоа тргнете го садот настрана.
  2. Ако користите стапче од ванила тогаш поклопете го садот и оставете го отстои 30 минути. Изматете ги жолчките и преостанатата количина шеќер, матејќи на средна јачина, околу 2 минути.
  3. Постепено матете ја топлата кремава мешавина, а потоа додадете ги жолчките и матете ги заедно со остатокот од крем смесата. Варете ја смесата на средна температура и без престан мешајте ја со дрвена лажица 2-3 минути. Ставете го кремот во чинија.
  4. Додајте го еспресо правот и промешајте за да се раствори. Оставете да се излади со повремено мешање. Кога кремот е изладен, постепено додавајте го чоколадото и мешајте додека сладоледот не стане шарен. Ставете го во ладилник, а кога ќе се излади добро, тогаш спремен е за јадење.
За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар