Стекнете нови навики и променете си го животот

Стекнете нови навики и променете си го животот

„Вашата нето вредност за светот е обично одредена од она што ќе остане откако лошите навики ќе се одземат од добрите.“ – Бенџамин Френклин

Стекнете нови навики и променете си го животот

Секој може да си го подобри животот, воведувајќи некоја нова навика. Една по една, навиките кои ќе изберете да ги стекнете, можат да направат позитивна промена во вашата иднина и во иднината на луѓето околу вас. Еве како да го постигнете тоа низ 5 лесни чекори:

1. Направете си план

Заборавете на вашите неуспеси од минатото. Закажете си датум и почнете од почеток со добар план. Планот може да вклучува некоја ваша секојдневна рутина, односно мала промена во дел од неа. На пример, сакате да почнете да медитирате наутро откако ќе станете од спиење. Вашата рутина може да гласи: будење, тоалет, медитација. Така, секој ден ќе се стремите да не правите отстапка од вашиот план. Набрзо ова ќе ви стане навика.

2. Изберете си поттикнувач

Поттикнувачот е некаква ситуација која ја поттикнува навиката. Ако вашата навика претходно била да пиете кафе откако ќе завршите со миењето во тоалетот, тогаш подготовката за денот во бањата била поттикнувач за пиењето кафе што било навика. Сега, навиката е променета според планот. После бањата, ќе бидете веднаш поттикнати на медитација.

3. Добијте позитивен фидбек

Лесно е да се откажете без признание и поддршка. Затоа треба да се фалите со вашите постигнувања и да добивате охрабрување во тешките моменти. Покрај споделувањето на чувството и постигнувањата во однос на вашата навика, добро е доколку секојдневно се потсетувате и на придобивките од неа. На пример, во случајот со медитацијата, тоа би биле задравствените придобивки.

4. Кажете им на пријателите за новата навика

Известете ги вашите следачи на Твитер, пријателите на Фејсбук и воопшто на сите социјални мрежи од ваков тип за вашата нова навика. Побарајте помош и поддршка од семејството и пријателите. Кажете им дека сте цврсто решени да успеете. Правете го ова секој ден за да не се обесхрабрите. Тоа ќе ви помогне во вашата упорност и решеност да успеете.

5. Наградете се себеси

Наградете со со машина за кафе или нешто друго што би ви правело мерак, но добро е да биде поврзано со вашата навика. Ако вашата навика е медитација, тогаш вашата награда може да биде убаво кафе потоа. Но, мора да се запази редот, прво медитација, после кафе. Полесно ќе си ја остварувате зацртаната цел за секое утро, доколку знаете дека како награда за тоа ќе го добиете првото утринско кафе.

Стекнете нови навики и променете си го животот

Вистинска приказна:

Тес Маршал имала 27 години кога решила да ги остави цигарите. Во тој момент била мажена, со 4 деца, две ќерки на возраст 7 и 5 години и 3-годишни близнаци. Таа не сакала да пуши пред децата, па ги користела приликите кога тие биле со бебиситерката или кога спиеле. Едно време почнала да пуши во тоалетот, со отворен прозор. Еден ден нејзината 5-годишна ќерка и затропала на вратата велејќи дека нешто мириса од внатре. Тогаш се сепнала, но брзо се прибрала, излегла од тоалетот како ништо да не се случило, иако секако била вознемирена од случката. Откако ова го споделила со нејзиниот сопруг, тој и рекол: „Тес, како што гледам имаш две опции: да ги оставиш цигарите или да почнеш да пушиш пред децата.“ Нејзината одлука била да ги остави цигарите.

Исто така, таа решила да ја замени старата навика со нова, па почнала да трча. Од почетокот постојано губела воздух, но нејзината цел била да додава по една милја плус секој месец за да може да ѝ се придружи на својата сосетка во трка на 10 километри. По само 6 месеци, таа успешно ја поминала линијата за финиш. По некое време, почнале да трчаат и нејзиниот сопруг и ќерките. Набргу, сите почнале заедно да се тркаат за време на викендите.

Денес, 30 години подоцна, двете ќерки на Тес работат за атлетски компании, едната трча на маратони, другата учествува во тријатлони. Така, со нејзината нова навика, таа направила промена во целото семејство.

Менувањето на навиките е вештина. Многу луѓе се откажуваат бидејќи немаат добар план и се обидуваат да сменат многу работи одеднаш.

Стекнувањето нови навики во иднина ќе стане уште полесна цел за вас. Ќе ја имате вештината да направите таква промена.

Која навика би сакале да ја стекнете?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Саше Reply

    Навиката да штедите е многу добра зошто може да создаде богатсво .Како може со мали депозити да креираш богатсво http://sasogorgijevski.blogspot.com/2011/06/blog-post_28.html

  2. Emily Reply

    Полесно е да се прочита, потешко е да се оствари, но вреди да се проба. Секоја промена добредојдена ако е позитивна!

Напиши одговор на Emily Откажи одговор