Старомодни правила за љубовните состаноци кои треба да ги следите

Старомодни правила за љубовните состаноци кои треба да ги следите

Во последните 50 години феминизмот, контрацепцијата и Интернетот поставија нови стандарди за љубовните состаноци. И додека многу работи се менуваат, некои правила сепак, остануваат непроменети.

Со напредокот на технологијата, љубовните состаноци станаа позбунувачки, но вистината е дека колку повеќе ги применуваме старомодните правила, толку сме поуспешни. Ова се неколку правила кои никогаш не излегуваат од мода.

Старомодни правила кои треба да ги следите

Додека се подготвувате за состанок…

  • Изгледајте најдобро што можете – Атрактивноста е основна работа. Сите нè привлекува добриот изглед. Ако личноста е онаа вистинската, добриот изглед ќе ви овозможи полесно да закажете уште еден состанок.
  • Самодовербата е секси – Мажите не можат да им одолеат на жени полни со самодоверба. Бидете насмеани, седете исправено, слушајте внимателно и зборувајте полека. Ваквото однесување ќе ја прикрие нервозата и ќе ја зголеми самодовербата.
  • Лошиот здив е неприфатлив – Ништо не ги уништува шансите за бакнеж како лошиот здив. Одете редовно на забар, мијте ги забите правилно и секогаш носете со себе ментол бонбони.

Старомодни правила кои треба да ги следите

За време на состанокот…

  • Почитувајте го времето – Постои можност тој да доцни само за да остави подраматичен впечаток кога ќе пристигне. Доцнењето повеќе од 10 минути без никакво оправдување е крајно нељубезно. Според тоа колку го почитува времето, лесно може да одредите колку тој ве цени.
  • Џентлменот ја плаќа сметката – Колку и да се дискутира на оваа тема, одговорот секогаш ќе биде ист. Ако тој е џентлмен, ќе ја плати сметката, без разлика кој го договорил состанокот. Ако тој не се понуди да ја плати сметката, не значи дека е лошо момче, туку му недостасува повеќе искуство.
  • Добрите манири се задолжителни – Не заборавајте ги зборовите „те молам“ и „благодарам“. Добрите манири никогаш не излегуваат од мода, посебно кога се работи за љубовен состанок.
  • Внимавајте на говорот на телото – Не играјте си со косата или со облеката. Тоа е знак за нервоза и несигурност. Само една третина од комуникацијата е вербална, додека две третини отпаѓаат на говорот на телото.
  • Не откривајте премногу информации – Не е интересно ако дознаете сè еден за друг уште на првиот состанок. Не пласирајте премногу информации или направете состанокот да трае пократко. Токму пократкиот состанок ќе направи тој да копнее по вас.
  • Не лажете – Поштедете се од драматични ситуации. Немојте да лажете.
  • Без семејни разговори – Не критикувајте ги членовите на семејството. Така тој ќе заземе одбранбен став, посебно ако ја искритикувате мајка му. Освен тоа, тој може да помисли дека вашата цел е што побрзо да формирате семејство.

Старомодни правила кои треба да ги следите

Ако сакате да останете во контакт…

  • „Да“ за телефонскиот повик – Модерната технологија овозможува најразлични начини за комуникација. Но, колкави и да се придобивките од Фејсбук и Твитер, најдобар начин за да останете во контакт сепак е телефонот. Нема подиректен, похрабар и појасен начин за комуникација од телефонскиот повик.
  • Не прифаќајте покани доцна навечер – Ваквите покани се несоодветни ако се работи за некој со кој сè уште се запознавате. Тоа покажува дека тој е заинтересиран само за секс и ништо повеќе.
  • Не фантазирајте – Не измислувајте оправдувања ако тој не се јави после првиот состанок. Едноставно, тој не е заинтересиран. Продолжете понатаму без да си го трошите времето на илузии.

Старомодни правила кои треба да ги следите

За крај не заборавајте…

  • Ако тој нема никаков план, значи дека не е подготвен – Ако неколку состаноци по ред се соочувате со прашањето „Што ќе правиме вечер?“, тоа значи дека тој или не е заинтересиран или не е подготвен да продолжи со вас.
  • Не избрзувајте – Не форсирајте го сексот уште на самиот почеток. Дајте му време прво да ја покаже неговата љубов.
  • Дали е така како што кажува? – Како и секогаш, делата зборуваат погласно од зборовите. Ако тој покаже дека е ранлив, тоа всушност значи дека е вљубен. Го тргнал штитот и ви дозволил да допрете до него.
  • Ќе бакнете неколку жаби пред да го пронајдете принцот – Не разочарувајте се ако вашите состаноци не водат кон нешто посериозно. Затоа и се нарекуваат „состаноци“. Нивната цел е да излезете со нови луѓе, да се запознаете и да ги подобрите социјалните вештини. Принцот е таму некаде, но додека да го пронајдете, ќе треба да бакнете неколку жаби.

Старомодни правила кои треба да ги следите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар