Стаклен тренд: Корејки споделуваат трикови за чиста и блескава кожа

Не е чудно зошто сѐ повеќе се вртиме кон Азијатките и нивните бјути рутини. Бидејќи ако погледнеме која било Корејка, Јапонка или Кинескиња, нивната кожа и коса се толку здрави, блескави, густи што посакуваме малку од нивните гени.

staklen-trend-korejkite-spodeluvaat-trikovi-za-chista-i-bleskava-kozha1

Најновиот бјути тренд доаѓа од Кореја, а го промовираат основачите на веб-сајтот Glow Recipe, Сара Ли и Кристина Чанг, кој се нарекува „стаклена кожа“. Според нивните зборови тоа значи чиста кожа без видливи пори која е блескава и прозрачна исто како парче стакло.

Како да ја постигнете?

staklen-trend-korejkite-spodeluvaat-trikovi-za-chista-i-bleskava-kozha2

Бјути блогерката и шминкерка, Ели Чои, е една од главните промотори на овој тренд на социјалните мрежи. Корејскиот начин со кој се постигнува стаклена кожа вклучува одење во кревет со совршено чиста и нахранета кожа и нанесување маска два пати неделно.

1. Вечерната рутина започнува со отстранување на шминката. Потоа, кожата ја чисти со гел за миење на лицето, а за сите останати нечистотии користи тоник. Последниот чекор вклучува обилно нанесување на крема за лице.

2. За кожата да биде блескава, пилингот е задолжителен, а Ели го нанесува на кожата секој втор ден.

3. Кога станува збор за маската за лице, задолжително користи таканаречена памучни марамчиња со отвори за очите кои се натопени со активни состојки и постојано нагласува колку е важна исхраната и пиењето доволна количина вода за убава кожа.

Ако сакате да експериментирате со шминката, а моментално немате никаква идеја за нов мејкап, тогаш овие корејски бјути трендови морате задолжително да ги испробате.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар