Среќата со пари не се купува: 20 прекрасни работи кои се тотално бесплатни!

Во последно време постојано слушаме за трошоците во животот, па се чини дека сега е поважно од кога било да бидеме благодарни на она што го имаме и на работите кои не чинат ништо. Можеби ви се чини дека нема многу такви нешта, но ако се завртите околу себе ќе забележете дека има многу работи кои не можете да ги купите со пари… Секој ќе ви го каже истото: „Парите го прават животот полесен, но не можат да ја купат среќата!“

Затоа е време да се посветите на работите за кои парите не ви се потребни, а ќе ви донесат многу повеќе среќа и задоволство.

1-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_

1. Љубезност

Понудете го на некого вашето место во автобусот, придржете ја вратата, насмевнете се. Најдоброто од сè е тоа што ќе се чувствувате подеднакво задоволни, исто како и кога некој друг е љубезен кон вас.

2. Членство во библиотека

Тоа не чини скоро ништо, а можете да ја прочитате целата библиотека, да пристапите до најголемите умови во историјата, да навлезете во светските тајни и мистерии, да ги запознаете далечните краеви…

3. Прошетка во природа

Не само поради тоа што истражувањата покажуваат дека одморот во природа го намалува стресот и го регулира крвниот притисок, туку и го расчистува умот и дава нова перспектива на животот.

2-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_

4. Кокетирање

Не е важно дали сте во долгогодишен брак или слободни, да шармирате можете секогаш.

5. Време

Времето е најважниот имот кој го поседуваме. Немојте да го потрошите залудно на луѓе и работи кои не го заслужуваат.

6. Купка

Понекогаш некоја сосема едноставна работа ни помага да го пребродиме денот, како сознанието дека ќе можеме во мир да одиме под туш или да лежиме во када.

3-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_

7. Тишина и осаменост

Можете малку да се оддалечите од сè и да уживате во друштвото со самите себе.

8. Старите пријатели

Тие ве познаваат од времето кога имавте катастрофална фризура, можат да ви се јават во 2 наутро, да ве насмеат до солзи и да ги чуваат вашите тајни.

9. Новите пријатели

Тие не ја слушнале анегдотата за вашето паѓање од велосипед премногу пати, па така внесуваат нова возбуда и нови работи во вашиот живот.

4-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_

10. Краток попладневен сон

Ако поспиете малку во чиста постелнина додека зраците од сонцето кое заоѓа продираат низ вашиот прозорец или пак, капките дожд удираат по него, ќе се чувствувате како да се наоѓате во рајот.

11. Свеста за себе

Секако, требало да поминат долги години за да осознаете кои сте и за да се чувствувате добро во својата кожа. Ако сè уште не сте, сега е одлична прилика да истражите.

12. Есен

Есента е магична и колку свечено да ја одбележуваме Нова година, ова годишно време е вистинскиот период за нова љубов, нови почетоци, нови одлуки…

5-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_

13. Простување

Да признаете дека сте погрешиле, но исто така да дозволите и другите да погрешат носи олеснување кое ќе ви го разубави денот.

14. Бакнување

И сè останато што доаѓа пред и по тоа.

15. Самодоверба

Самодовербата не произлегува од новиот пар обувки, туку однатре. Но, тоа веќе одамна го знаете.

16. Семејството

Факт е дека понекогаш ве излудуваат. Со некои членови се согласувате подобро, а со некои полошо, но нема поубаво чувство од тоа кога ќе се вратите од семејниот собир знаејќи дека тие безусловно ве сакаат, притоа добро познавајќи ги вашите маани и доблести.

6-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_

17. Разбирање

Дали се сеќавате на онаа сцена од „Аватар“ кога дамата во сино ќе ја стави својата рака на градите на актерот и ќе му каже „Те разбирам“. Какво е само тоа чувство!

18. Заоѓањето и изгревањето на сонцето

Секој ден, одново и одново, без никакви влезници и претплати можете да уживате во најубавите призори на светот.

19. Чувството дека сте дале сè од себе

Животот може да биде комплициран и тежок, но чувството на гордост и самозадоволство кога знаете дека сте го дале својот максимум е милион пати подобар од кои било надворешни манифестации на успех.
7-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_

20. Погледот на вашиот миленик

Кога ќе си дојдете дома, а неговите топли очиња и радосни движења ви го топат срцето од љубов…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар