Среќата доаѓа кога ќе добиеме сè што ќе посакаме: 8 лаги во кои најчесто веруваме

Мислите дека ќе бидете среќни кога ќе добиете сè што ќе посакате? Подобро е да бидете во каква било врска или да сте сами? Ви се чини дека најјаките не чувствуваат болка?

Изгледа дека „сакаме“ да веруваме во некои идеи кои всушност не се вистинити. Затоа е време да се ослободиме од некои изреки и лаги кои нѐ спречуваат да го живееме животот онака како што сакаме. Ова се најчестите лаги во кои веруваме.

1-podobro-e-da-bidesh-sam-otkolku-vo-bilo-kakva-vrska-7-lagi-vo-koi-najchesto-veruvame-www.kafepauza.mk_

1. Да се биде сам е исто што и да се биде осамен

Не значи дека ако сте сами, секогаш би биле и осамени, но и да се биде во врска не значи дека тој однос мора да биде задоволувачки. Ако сте сами, тоа никогаш нема да ви предизвика толкава осаменост како што може тоа да го направи погрешниот однос. Ако во врската работите не одат како што треба, паузирајте и поминете време сами со себе. Ценете ги вашите вредности. Следниот пат кога ќе бидете во врска која тоне, ќе бидете припремени да пливате сами и сигурно.

2. Среќата доаѓа кога ќе добиеме сè што ќе посакаме

Ден Гилберт, професор по психологија на Харвард и експерт за среќа, вели дека нашите уверувања за тоа што нѐ прави среќни честопати се погрешни. Тој ја испитал идејата која вели дека сме несреќни доколку не го добиеме она што го посакуваме и заклучил:

„Нашиот ‘психолошки имун систем’ ни допушта да бидеме вистински среќни дури и кога работите ќе испаднат онака како што не сме планирале.“

Во Гилбертовите истражувања се споредувани луѓе неколку години откако добиле голема добивка на лотарија и параплегичари. Што мислите, кој бил посреќен? Научниците утврдиле дека имаат исто ниво на животна среќа. „Психолошкиот имун систем“ ни помага да го промениме погледот на светот за да можеме да се чувствуваме подобро за сè она околу нас и за самите себе.

Тоа што сте среќни не значи дека не сакате повеќе, тоа значи дека сте благодарни за тоа што го имате и сте стрпливи за она што доаѓа. Некогаш се обидуваме да достигнеме нешто големо, па така ни „бегаат“ оние мали работи кои му даваат магија на животот. Затоа, ценете го денешниот ден и сето она што тој го носи.

Happiness / 20100117.7D.02031.P1.L1.BW / SML

3. Болката е нешто што можеме да го видиме

Никогаш не ја потценувајте туѓата болка, бидејќи сите се борат со сопствените демони. Некои луѓе, едноставно се повешти во сокривањето на сопствените проблеми. Никогаш не знаете што се случува зад затворената врата. Психолозите велат дека осудувањето е губење време и енергија.

4. Животот треба да се живее на одреден начин

Вистина е дека секогаш имаме слобода и избор како сакаме да одговориме на она што ни го носи животот. Немојте слепо да ги следите вашите уверувања за тоа каков би требало да биде животот, туку прифатете ги реалните околности. Променете го она што можете и променете ги вашите мисли за тоа што не можете да го смените. Најважно – живеете во мир со самите себе и на тој начин ќе отфрлите уште еден мит – само привилегираните имаат способност да живеат прекрасен живот.

1-srekjata-doagja-koga-kje-dobieme-se-shto-kje-posakame-8-lagi-vo-koi-najchesto-veruvame-kafepauza.mk

5. Споредувањето со другите е неопходно

Кога ќе престанете да се споредувате со другите верзии од себе, вистински или замислени, и кога ќе престанете да се споредувате со другите луѓе, вистински или замислени, ќе почувствувате вистински мир, кој ќе биде вистински, а не замислен.

6. Неопходно е да има и тешки мигови

Некогаш работите треба да тргнат по погрешен пат, односно онака како што не сме планирале. Понекогаш треба да ги пуштите погрешните луѓе да заминат од вашиот живот, за да дозволите вистинските луѓе да дојдат во него. Понекогаш е потребно да се чувствувате слабо, за да дознаете што значи да се биде вистински јак. Ќе се чувствувате скршено, но барем ќе знаете дека нема секогаш да бидете заштитени. И добрите и тешките периоди поминуваат, но со некои лоши работи мора да се научиме да живееме.

3-srekjata-doagja-koga-kje-dobieme-se-shto-kje-posakame-8-lagi-vo-koi-najchesto-veruvame-kafepauza.mk

7. Да се биде јак значи да не се чувствува болка

Во реалноста, најјаките луѓе се всушност оние кои чувствуваат болка, ја прифаќаат, учат од своите постапки и ја надминуваат. Она што секој од нас треба да го научи е кога треба да направи пауза, да се исплаче, да се повлече… но и да знае како да се врати во „рингот“ и да се бори како никогаш дотогаш.

8. Фантазирањето е губење време

Најголеми подароци се оние работи кои се невидливи за очите, а се чувствуваат со срцето. Она што го гледаме е само мал дел од она што е можно. Кога ќе им дозволиме на мислите да лутаат и несвесно да си го прават своето, како што и самиот Даниел Големан вели, тогаш ѝ дозволуваме на нашата креативност да се изрази. Некоја идеја ќе ни падне на памет, нешто што веќе долго време се обидуваме да го истражиме ќе се појави, ќе се изнајде решението на проблемот кој одамна сме сакале да го решиме.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар