Сраснати нокти на прстите: 5 најчести причини за оваа болна и непријатна појава

Сраснувањето на нокотот на ножниот палец во месото е многу честа појава. Иако не е опасно, сраснувањето брзо може да премине во воспаление и да предизвика бројни здравствени проблеми. Еве како можете го спречите сраснувањето на нокотот или да го санирате веќе сраснатиот нокот.

1-srasnati-nokti-na-palecot-5-najchesto-prichini-za-ovaa-bolna-i-neprijatna-pojava-www.kafepauza.mk_

Што предизвикува сраснување на ноктите?

  • Погрешно сечење на ноктите
  • Нагло гноење (на пример, во бременоста)
  • Стара повреда на нокотот (деформација на нокотот)
  • Премногу тесни обувки
  • Рамни стапала (криво газење на стапалата)

Сраснувањето на нокотот брзо доведува до воспаление на месото покрај нокотот. Ако не се третира на време, воспалението може да се прошири и да се продлабочи во ткивото. Унапреденото и силно воспаление може да бара и хируршки зафат. Местото каде што нокотот влегува во месото може многу лесно да се инфицира и да загнои, односно да се создаде отворена рана која многу бавно зараснува.

Како да го лечите сраснатиот нокот на палецот?

Нокотот кој започнува да сраснува во месото многу брзо може да доведе до воспаление. Во текот на воспалението, нокотот не смее да се допира, а лекувањето започнува откако воспалението ќе се смири. Тоа се решава со терапија со антибиотици или антибиотска маст. Најсигурно решение е одењето на педикир кој професионално и сигурно ќе го санира воспалението.

2-srasnati-nokti-na-palecot-5-najchesto-prichini-za-ovaa-bolna-i-neprijatna-pojava-www.kafepauza.mk_

Како можете самите да си помогнете?

Кај првите знаци на воспаление (оток, болка и црвенило) направете купка од жешка вода и сол и потопувајте ги нозете во рок од 20 минути, наутро и навечер. Солта ќе ја омекне кожата и ќе ја дезинфицира раната. Доколку дојде до воспаление, во аптека купете антибиотска маст и наутро и навечер, после купката намачкајте го прстот и нокотот. Не облекувајте чорапи за да не ја избришете маста.

Како правилно да ги сечете ноктите на нозете?

Погрешното сечење на ноктите на нозете е најчестата причина за нивно сраснување. Ноктите на нозете треба да ги сечете рамно, а никако заоблено, односно на косо. Ако засечете од страната премногу длабоко, нокотот може да се деформира и во текот на растењето да започне да сраснува во кожата.

Здравите и сјајни нокти се задолжителни, па затоа погледнете ги овие едноставни трикови за поцврсти и поздрави нокти.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар