Спречете го јо-јо ефектот после диетата

Спречете го јо-јо ефектот после диетата

Враќањето на загубените килограми од строгата диета, не е само една голема фрустрација, бидејќи нема да ви се исплати трудот, туку и многу штетно за вашето здравје. Најновото истражување направено на жени во менопауза, кои вратиле само по два килограми по диетата, покажало дека им е зголемено нивото на лош холестерол и шеќер во крвта.

 Спречете го јо-јо ефектот после диетата

Повозрасните жени за време на слабеењето главно губат од мускулната маса и од масното ткиво, но кога враќаат дел од тежината, тогаш го враќаат назад масното ткиво, што им го нарушува здравјето. Па токму затоа, одржувањето на телесната маса е исто толку важно колку и нејзиното намалување. Применувајте ги следниве четири методи за одржување на здрава тежина.

Шетајте

Апсолутно сите експерти се сложуваат дека шетањето е најдобриот облик на секојдневна активност, за која ниту ви се потреби пари, ниту опрема, ниту па време. Сѐ што треба да направите е да одвоите половина час дневно за одење.

Јадете рано

Појадокот кој е на база на интегрални житарки, млечни производи и протеини е идеална основа за целиот ден. Исто така, овој избор на материи ви овозможува успешно да ја одржувате тежината, бидејќи обезбедува трајно чувство на ситост за разлика од јаглените хидрати.

Мерете се

Редовната проверка на тежината ќе ви овозможи навреме да уочите дека сте претерале и веднаш да реагирате. Меѓутоа немојте да претерувате и половина ден да го поминувате на вага, доволно е да се мерите еднаш неделно.

Бидете истрајни

Со текот на времето, здравиот начин на исхрана и физичката активност станува навика, па сѐ ќе ви стане полесно. Кога ќе го стопите масното ткиво, почнувате да согорувате повеќе калории на дневно ниво, дури и кога мирувате.

Јо-јо ефектот може да се појави и во случај на мал број загубени килограми, но и на голем, што претставува голем здравствен ризик. Доколку ја повторувате диетата неколку пати и постојано потоа ги враќате килограмите, запрашајте се каде ве води тоа. Доколку станува збор за циклус од три обиди без резултати, ризикот за разни заболувања расте, па може да се појави зголемен крвен притисок, зголемен холестерол, воспаление на жолчката, дијабетис тип 2, проблеми со срцето и голем број други болести.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар