Според статистиките, мажите со овие 4 карактеристики се најуспешни бизнисмени

Според статистиките, мажите со овие 4 карактеристики се најуспешни бизнисмени

Сè се врти околу тоа колку добро се познавате себеси – вашите емоции, ставови и како комуницирате со другите луѓе. Според еден извештај, 85% од финансискиот успех се препишува на способностите за „човечко инженерство“ кое се состои од вашиот карактер и способноста да комуницирате, преговарате и водите. Само 15% од успехот настанува поради техничките способности. Д-р Тревис Бредбери смета дека нашата емоционална интелигенција се состои од следниве 4 клучни способности без чие присуство не можете да бидете успешни бизнисмени…

spored-statistikite-mazhite-so-ovie-4-karakteristiki-se-najuspeshni-biznismeni-www.kafepauza.mk

1. Самосвесност: Како се справувате со вашите емоции

Според Бредбери, самосвесноста е способност прецизно да ги перципирате вашите емоции и да станете свесни за нив во истиот момент кога ќе се случат. Високата интелигенција не се важи воопшто ако не можете да ја контролирате. Токму затоа и ако не знаете да се справите со подемите и падовите на вашиот бизнис, без сомнение ќе останете на дното. Можеби изгледа полесно да се каже отколку да се направи, но способноста да ги контролирате вашите емоции е клучна доколку сакате да ги контролирате оние околу вас. Ако не можете да контролирате како ќе реагирате на нови ситуации, лоши вести и промена на плановите, тогаш вие немате никаква контрола врз ситуацијата.

2. Самоуправување: Како ги насочувате вашите емоции

Како додаток на контролата на вашите емоции, вие исто така треба да знаете и точно како да ги искористите за ваша корист. Вие треба да знаете како да ги уредувате вашите сопствени очекувања, промени на расположението и перцепции. Најважно од сè, треба да го насочите тоа што го чувствувате кон соодветниот вентил. Според Бредбери, вие треба да бидете способни да ја користите вашата свесност за емоциите со цел да останете флексибилни. Кога ќе знаете како да ги искористите позитивните емоции и како да ги надминете негативните, вие ќе почнете и брзо да летате над конкуренцијата.

3. Социјална свесност: Колку добро ги разбирате емоциите на другите луѓе

Социјалната свесност е способноста да читате помеѓу редови. Колку добро можете да го сфатите тоа што луѓето не го кажуваат? Вашата способност точно да ги перципирате емоциите на другите луѓе и да сфатите што навистина се случува е клучот за успех. Откако ќе сфатите како да ги идентификувате емоциите на другите, вие ќе сфатите и како да комуницирате со нив и да им го кажуваат токму тоа што сакаат да го чујат.

4. Управување на врските: Колку добро создавате интеракции од нивните емоции

Според психологот Даниел Канемен, луѓето попрво би соработувале со луѓе на кои им веруваат отколку со оние на кои не им веруваат, дури и ако тие нудат подобар продукт за пониска цена. Клучот на успехот во бизнисот е довербата. Ако им се допаѓате на луѓето, тие ќе работат со вас. И единствениот начин да ја добиете нивната доверба е доколку разберете точно што сакаат да чујат и почувствуваат од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар